Збор два за занаетчиството
За раздвижување на локалната економија потребни се гранки кои ќе ја задоволат корисноста на граѓаните со што услугите ќе бидат достапни до сите.
Во современи услови на стопанисување, кога се соочуваме со ограниченост на ресурсите и фокусот е на нивната обновливост, клучна точка во бизнис моделите треба да биде циркуларноста. На овој начин, се продолжува животниот циклус на производите се оптимизира потрошувачката.
Гранка со огромен потенцијал за циркуларност како и со потенцијал за интегрирање на социјални бизнис модели е занаетчиството. Централната и локалната власт треба да го мапираат овој сектор во локалните заедници да се детектира јазот во нивното работење (разликата меѓу потенцијалот и ограничувачките фактори) и да преземе мерки за надминување на истиот. Во наредните инстанци потребно е да се преземат мерки за брендирање со цел генерирање на конкурентност.
Во таа насока добро е отворањето и поголема поддршка на центри за поправка. Таков позитивен пример во Скопје е Центарот ,, Ништо Ново” отвотен од страна на АРНО. Центарот има низа позитивни ефекти за локалната заедница, но и во поширокиот контекст на повеќе нивоа.
Имено, во него може да се научат низа вештини кои понатаму може да се искористат на пазарот на труд. Понатаму, со поправките се врши заштеда на доходот кај клиентите и можност делот кој е наменет за купување да се канализира во штедење во банките или инвестиции во останатите сегменти на финансискиот систем. Овие центри со нивниот циркуларен бизнис модел овозможуваат и јакнење на свеста за циркуларната економија.