17.9 C
Ohrid
сабота, август 23, 2025
ПочетнаМакедонијаАлбанија по примерот на Рио, има нова туристичка атракција – поставена првата...

Албанија по примерот на Рио, има нова туристичка атракција – поставена првата статуа на Исус Христос

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во северниот дел на Албанија, во регионот Никај-Мертур кај планинскиот град Тропоја, е откриена првата статуа на Исус Христос во земјата. Споменикот, кој го прикажува Христос со раширени раце, потсетува на светски познатата статуа „Христос Спасителот“ во Рио де Жанеиро.

<

Автор на делото е локалниот жител Сокол Ндуе Прогни, кој успеал да ја долови сличноста со оригиналниот бразилски монумент. На свеченото откривање присуствуваа претставници на црквата, жители на Тропоја, како и гости од други делови на Албанија и од дијаспората.

Поставувањето на статуата е резултат на иницијативата на верници и локални организации, со намера да се создаде нова туристичка атракција во северниот дел на земјата. Организаторите очекуваат споменикот да стане препознатлива туристичка дестинација и да привлече посетители и од Албанија и од странство.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски ја обвини опозицијата за тајни планови со ДУИ, за хаос на изборите..

Тајни договори помеѓу поранешните владини коалициски партнери, смислени сценарија за хаос и манипулации. Вакви обвинувања изнесе премиерот Мицкоски од говорница, пред функционери и симпатизери...

Работник вчера починал додека работел на изградба на автопатот во Гостивар.

Работник вчера починал додека работел на изградба на автопат во близина на гостиварските села Долна Ѓоновица и Симница, соопшти МВР. Станува збор за Д.П.(60) од...

„Четири години дела, а не зборови – Пецаков им одговори на критичарите”

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, пред граѓаните го презентираше отчетот за својата работа во изминатите четири години. Во своето обраќање тој нагласи дека...

Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата. Од пристигнатите 352 барања за упис во регистерот на...