13.9 C
Ohrid
сабота, август 23, 2025
ПочетнаМакедонијаСрбија е на раб на граѓанска војна, вели Ѓоковиќ

Србија е на раб на граѓанска војна, вели Ѓоковиќ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Њујорк каде што се подготвува за поход кон својата 25. гренд слем титула во кариерата.Во разговор за српските медиуми, Ѓоковиќ зборуваше и за ситуацијата во Србија:

<

Состојбата во земјата генерално е таква што на луѓето најмалку им е до спорт… Се случуваат многу работи, голема е транзицијата и на народот и на државата… Без да навлегувам во политика, бидејќи веќе доволно сум зборувал на таа тема, се надевам дека ќе се смират страстите. Сè многу ескалираше, буквално сме на граница на граѓанска војна. Се надевам дека ситуацијата ќе се смири, но засега нема навестување за тоа,“ рече Ѓоковиќ.

Тој ја спомена темата и во контекст на селидбата на тенискиот турнир од Белград во Атина.

„Сè што можам да кажам е дека ние не сакавме да го селиме турнирот, тоа е сè. За жал, така е, како што е…“

Фалејќи ја Атина и Грција, Ѓоковиќ изрази надеж дека турнирот повторно ќе се врати во Србија:

„Дали ќе се врати турнирот во Србија… Се надевам дека ќе се врати. Од наша страна секогаш постои желба и тенденција. Мојот брат Ѓорѓе, кој го води турнирот, едноставно беше ставен во ситуација турнирот да мора да се пресели. Се надевам дека во наредните години ќе дојде подобро време и дека турнирот ќе се врати, можеби дури и во повисока категорија – никогаш не се знае. Белградската публика го сака тенисот и го следи, Србија во последните дваесет години стана вистинска тениска земја со сите наши успеси.“

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Средба на вицепремиерот Николоски и евроамбасадорот Рокас

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во државата, Н.Е. Михалис Рокас. ...

„Занаетчиството – стара вештина со нова моќ за економијата

Збор два за занаетчиството За раздвижување на локалната економија потребни се гранки кои ќе ја задоволат корисноста на граѓаните со што услугите ќе бидат достапни...

Две 16-годишни ученички од Кичево загинаа во тешка сообраќајна несреќа

Двете 16-годишни ученички, Ериона Рамадани и Албина Абази, од Школото за средно музичко образование „Дрита“ во Кичево, го загубија животот во сообраќајна несреќа со...

Во завршна фаза е поставувањето на нова водоводна линија на улицата „Кленоец во Охрид.

Во завршна фаза е поставувањето на нова водоводна линија на улицата „Кленоец“ во Охрид, после децениски проблем жителите ќе добијат поквалитетно водоснабдување. Наредната фаза...