Од мое лично име и во име на Општина Охрид упатувам најискрени честитки до целокупната екипа на ГРК Охрид за освоеното прво место на меморијалениот турнир “Крсте Андоновски”.
<
Во финалниот натпревар ракометарите на Охрид го совладаа актуелниот првак на Македонија Еурофарм Пелистер со 31:26.
Ова е втор триумф на охридските ракометари кој доаѓа по освоеното прво место на турнирот во Струга. Ова е одлична најава за претстојната сезона.
Охрид има со што да се гордее. Ова е Охрид!