14.9 C
Ohrid
понеделник, август 25, 2025
ПочетнаМакедонијаПриведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи...

Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за внатрешни работи информира дека е уапсен 43-годишен родител по денешниот инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на фудбалските клубови „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, во кој беа повредени двајца фудбалери на возраст од 15 години на ФК „Брегалница“.

<

– Денеска (24.08.2025) во СВР Штип било пријавено дека на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош, се вели во соопштението на МВР.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Следи набавка на 2 нови локомотиви и репарација на 11 постојани.

Започнуваме со реконструкција на пругата Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар – Кичево. За две години би имале избран изведувач и за две, две и пол години после изборот...

Пецаков со порака до ракометарите: Продолжете да ја пишувате спортската историја на Охрид

Од мое лично име и во име на Општина Охрид упатувам најискрени честитки до целокупната екипа на ГРК Охрид за освоеното прво место на...

Полицијата употреби огнено оружје: Нападнати полициски службеници од лица кои превезувале огревно дрво.

Во селото Макреш, општина Старо Нагоричане, полициски службеници биле физички нападнати од две лица откако се обиделе да извршат контрола на товарно возило „мерцедес“...

Јаневска: За една година се изградени 7 нови училишта, реконструирани 20 и се градат 4 спортски сали

Јаневска истакна дека за една година се изградени 7 нови училишта, реконструирани 20 и се градат 4 спортски сали, во рамки на проектите на...