21.9 C
Ohrid
недела, август 24, 2025
ПочетнаМакедонијаТрајановски: За една година пуштивме во употреба 101 километар експресни и регионални...

Трајановски: За една година пуштивме во употреба 101 километар експресни и регионални патишта

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Државните патишта се многу важен фактор за функционирање и за развој на државата, воедно, тие се многу важни и за локалната самоуправа, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски на денешната панел-дискусија во рамките на настанот Саем-Отчет, насловен како „Четири години инвестиции во инфраструктурата“.

<

Трајановски посочи дека во изминатиот период од година дена, колку што ВМРО-ДПМНЕ е централна власт, се направи многу во областа на државните патишта бидејќи заедно со Владата, ресорното министерство и со градоначалниците се работи тимски.

„Во изминатата година дена, завршивме и пуштивме во употреба 101 километар од експресни и регионални патишта и тие се во вредност од околу 200 милиони евра. Значи, толку да се направи и толку да се инвестира сигурно е дел од една тимска работа, пред се од Јавното претпријатие и на институциите од централната власт коишто помагаат. Тука се бирото за проценка, управата за имотно правни односи, Катастар и останатите“, рече Трајановски.

Понатаму, Трајановски рече, го завршивме патот Страцин-Длабочица, Длабочица-Крива Паланка, кој е во вредност од околу 100-тина милиони евра, како и патот Градско-Дреново, па Дреново-Фариш, патот од почетокот на Гевгелија па се до влезот во Богданци, патот од Охрид до Свети Наум.

„Сите овие беа патишта коишто, за жал, ги наследивме или закочени, или пак беа во некоја, многу блага форма на изработка. Сето тоа успеавме, заедно со министерството и Владата, сето тоа да го ставиме во функција и многу брзо да ги изградиме“, истакна, меѓу другото, Трајановски.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“

Министерството за внатрешни работи информира дека е уапсен 43-годишен родител по денешниот инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на фудбалските клубови „Шкупи“ и „Брегалница“...

Полицијата употреби огнено оружје: Нападнати полициски службеници од лица кои превезувале огревно дрво.

Во селото Макреш, општина Старо Нагоричане, полициски службеници биле физички нападнати од две лица откако се обиделе да извршат контрола на товарно возило „мерцедес“...

Јаневска: За една година се изградени 7 нови училишта, реконструирани 20 и се градат 4 спортски сали

Јаневска истакна дека за една година се изградени 7 нови училишта, реконструирани 20 и се градат 4 спортски сали, во рамки на проектите на...

Не секогаш муштеријата е во право: “Газда на продавница, го претепал муштеријата”

На 22.08.2025 во 14:51 часот во СВР Штип, Р.К.(28) од с.Таринци, општина Карабинци, пријавил дека околу 14:30 часот во продажен објект во селото, по...