Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев беше одликуван од претседателот на Украина, Володомир Зеленски со Орден за заслуги, 3 степен по прославата на вчерашниот Ден на независноста на земјата.
Украинскиот претседател ги доделува овие награди за значаен личен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, добротворните активности и популаризацијата на украинската држава во светот.
Странските добитници беа одликувани со разни признанија, вклучувајќи го Орденот на принцот Јарослав Мудриот, Орденот за заслуги, Орденот на принцезата Олга, Медалот за труд и победа и Крстот на Иван Мазепа, претседателско одликување.
Уредбата за таа цел, бр. 617/2025 од 23 август, беше објавена на официјалната веб-страница на претседателот, објави Укринформ.
Целата листа на наградени, погледнете ја на следниот http://Линк