На 24.08.2025 околу 22:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 51 годишно лице од Охрид.
<
-Тој се сомничи дека од април оваа година во повеќе наврати на апликација на социјална мрежа на 17-годишно девојче од Охрид испраќал пораки и фотографии со недолична содржина и барал од неа и таа да му испраќа фотографии со експлицитна содржина. Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон и ловечка пушка „Застава“ со калибар 12 мм.. Лицето било задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.