22.9 C
Ohrid
вторник, август 26, 2025
ПочетнаМакедонија„СКАНДАЛ НА АЕРОДРОМ СКОПЈЕ: Патник со налог за апсење пуштен од полицаец!"

„СКАНДАЛ НА АЕРОДРОМ СКОПЈЕ: Патник со налог за апсење пуштен од полицаец!”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник со иницијали С.С., поради сомнеж за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

<

Според информациите од МВР, на 12 август 2025 година, пријавениот полициски службеник, кој работел на пасошка контрола во Полициската станица за граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, не извршил контрола врз патник кој се наоѓал на СТОП листата на МВР со мерка „апси“. Со неговото несовесно постапување, патникот успеал да влезе во државата, со што бил ставен во поволна состојба и истовремено е нанесена штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека ваквото однесување е недозволиво и ќе се санкционира со најстроги мерки.

– Министерството за внатрешни работи нема да толерира несовесно или незаконско постапување од страна на наши службеници. Секој поединец кој ќе ја злоупотреби својата службена должност ќе одговара согласно законските прописи – изјавија од МВР.

За случајот е известено и надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мајка си го истепала малолетниот син!

На 25.08.2025 во 13:30 часот во СВР Скопје, 65-годишен маж од Скопје пријавил дека на 24.08.2025 околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето...

Кривична пријава против градоначалникот на Делчево-: Во 2018 вработил службеник кој бил за пензија

Кривична пријава против градоначалникот на Делчево за злоупотреба на службена положба и овластување Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе...

38-ми Охридски пливачки маратон: 17 пливачи од 7 држави ќе се борат за трофејот во водите на езерото

Седумнаесет пливачи и пливачки од седум држави ќе земат учество на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон што ќе се одржи на 30 август...

Македонска гордост: Поп Ацев стана петтиот Македонец кој го преплива Ла Манш за 9 часа и 43 минути

Македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев успеа да го оствари еден од најголемите предизвици во светското маратонско пливање – го преплива каналот Ла Манш. Поп Ацев...