21.9 C
Ohrid
среда, август 27, 2025
ПочетнаМакедонијаКакви сѐ операции се вршеле во приватните болници наскоро ќе биде објавено...

Какви сѐ операции се вршеле во приватните болници наскоро ќе биде објавено на веб страницата на Министерство за здравство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата.

<

На состанокот присуствуваа и заменик министерот, Јовица Андовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Комисијата е формирана со цел собирање, обработка и анализа на податоци, со посебен фокус на периодот од 2022 до 2025 година во приватните и јавните здравствени установи.

„Очекувам комисијата да испорача резултати, кои се објективни и произлегуваат од максимално професионално и независно спроведен процес. Резултатите од работата ќе бидат важни од аспект на реално утврдување на состојбите и поставување цврста основа за унапредување на менаџирањето во здравството“, порача пред членовите на комисијата министерот Азир Алиу.

Интерната комисија е составена од врвни екперти во областа, правници и економисти, меѓу кои д-р Васил Папестиев од Клиника за кардиохирургија, д-р Билјана Зафировска и д-р Иван Василев од Клиника за кардиологија, д-р Мишел Андонов и д-р Илир Вела од Клиника за торакална и васкуларна хирургија, д-р Ненси Лозанче од Клиничка болница Битола, д-р Валон Асани од Клиничка болница Тетово, д-р Никола Христов од Клиника „Жан Митрев“, д-р Жарко Христовски од „Аџибадем Систина“, како и претставници од ФЗОМ (д-р Ана Митевска и д-р Жаклина Крстевска), Стефанка Петковска, правник и претставници од Министерство за здравство (д-р Александар Митов, Стојанчо Стојковски и Бахар Љама).

Истовремено, Министерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи да достават податоци за вкупниот број извршени процедури и операции за периодот јануари 2022 – август 2025 година за извршени интервентни кардиолошки процедури, како што се коронарографии и стентирања, васкуларни ангиографии и кардиохируршки/васкуларни операции.

Од Министерството за здравство најавија дека процесот ќе биде максимално транспарентен. Наодите од анализата на интерната комисија ќе бидат во најскоро време доставени до стручната комисија составена од странски експерти, а извештајот од интерната комисија ќе биде објавен на веб страницата на Министерство за здравство.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Хуманитарна трка во чест на Иле – возачот од Брзата помош во Кочани

На 6 септември во Кочани ќе се одржи првото издание на хуманитарната трка „Голак Треил" - спортски настан што ќе ги обедини љубителите на...

Убиство пред казино во Кавадарци.

Едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на...

17-годишниот Стефан Тренески – прв Македонец во Формула”

Овогодишниот победник на Формула 4 ЦЕЗ Академијата, 17-годишниот Стефан Тренески, дебитира во Формула 4 на трката која се одржа во Словачка на познатата патека...

Митко Јанчев го повика Спасен Силјановски: “Дојди во Кавадрци да видиме колку публика ќе донесеш во градот”

По навредите за изборот на музичките гости кои годинава ќе настапат на манифестацијата Тиквешки гроздобер во Кавадарци, а кои се докажани балкански имиња кои...