24.9 C
Ohrid
среда, август 27, 2025
ПочетнаМакедонијаТешко повредена жена вo Скопје- Маж ја удрил во главата со гајба...

Тешко повредена жена вo Скопје- Маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда.

<

Делото го сторил вршејќи насилство врз жена со која имале претходни лични недоразбирања. На 23 август попладне оштетената отишла да се види со осомничениот пред угостителски објект во населбата Автокоманда. Тој најпрво започнал грубо да ја навредува, а потоа зел пластична гајба полна со стаклени шишиња, замавнал со неа и ја удрил по главата.

Жената започнала обилно да крвари и зашеметена успеала да повика полиција, по што со брза помош била пренесена во болница, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Имајќи го предвид начинот на сторување на кривичното дело, а со цел да се заштити жртвата од можноста за ново загрозување на нејзината безбедност, здравје и живот, јавниот обвинител побара на осомничениот да му бидат определени повеќе мерки на претпазливост: забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетената, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и обврска да се јавува повремено на определено службено лице.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Митко Јанчев изненаден од високото признание на Зеленски и Република Украина

Официјално, до градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев не е стигната по дипломатски канали информацијата за доделувањето на државната награда „Орден за заслуги, трет степен“...

Младиот кавадарчанец кој беше брутално убиен пред казино очекувал детенце.

Вест за убиство на 43-годишен кавадарчанец, извршено од повеќе лица кај казино во градот, утринава ја разбуди јавноста. Настанот се случил денес во 4.56 часот,...

Какви сѐ операции се вршеле во приватните болници наскоро ќе биде објавено на веб страницата на Министерство за здравство

Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи...

Хуманитарна трка во чест на Иле – возачот од Брзата помош во Кочани

На 6 септември во Кочани ќе се одржи првото издание на хуманитарната трка „Голак Треил" - спортски настан што ќе ги обедини љубителите на...