Македонија доби нов сојузник во борбата против огнената стихија!
Со иницијатива на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, возилата кои со години мируваа во воените магацини добија нов живот. Од специјализирана воена техника, тие се претворија во моќни противпожарни машини, подготвени да стигнат и таму каде што досега беше невозможно.
<
Овој чекор значи посигурна заштита на шумите, населените места и животите на граѓаните, а Македонија добива вистинска нова сила во справувањето со пожарите.