Особено ми е мило што имав можност да ја почувствувам радоста на 1-ви септември во новата училишна зграда на ООУ „Кочо Рацин“ и да упатам најубави желби за успешен почеток на новата учебна година.
<
Драги ученици, најдраги првачиња, нека вашите чекори бидат сигурни, вашите насмевки искрени, а вашите срца отворени за училишни успеси. Вие сте наша радост, наша гордост и мотив да работиме уште повеќе за да ви обезбедиме подобри услови за среќно и безгрижно детство.
Нека е честит првиот училишен ден, нека е среќна и успешна новата учебна година во Охрид! Да славиме и да се радуваме заедно на големи училишни успеси.