Во рамки на комплексот од поранешната касарна, започна да функционира и фудбалскиот терен на трева.
<
Изминатиов период екипи на ЈП „Билјанини извори“ активно работеа на оспособување на теренот со садење на нова трева, инасталација на наводнување, поставување на реквизити. Во наредниот период теренот ќе се огради и ќе се постават монтажни трибини.
Овој терен е ставен во функција за потребите на ООУ „Кочо Рацин“, фудбалскиот клуб „Св. Троица“, но и за сите рекреативци.
Продолжуваме со создавање содржини во поранешната касарна, кои придонесуваат за подобри услови за живеење, особено на жителите од овој дел на градот.
Стои во објавата на градоначалникот Пецаков.
