24.9 C
Ohrid
среда, септември 3, 2025
ПочетнаМакедонијаПознат идентитетот на тројцата скопски полицајци кои "скинале" над 170 казни

Познат идентитетот на тројцата скопски полицајци кои “скинале” над 170 казни

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кривична пријава за вработени во МВР,

<

не постапиле по констатирани

сообраќајни прекршоци и овозможиле да застарат.

Одделот за внатрешна контрола,

криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ф., Ѓ.И. и С.П. поради основи на сомнение за сторно кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Б.Ф., Ѓ.И., и С.П., сите од Одделението за прекршоци при СВР Скопје, несовесно постапиле при вршење

на своите овластувања и должности.

Тие во временскиот период од 01.01.2022 до 31.12.2023 година примиле записници за констатирани сообраќајни прекршоци и прекршочни платни налози сторени од граѓани на подрачјето на град Скопје и за Истите не постапиле во законски предвидениот рок од две години,

согласно член 41 од Закон за прекршоци..

За 143 предмети не изготвиле барања за поведување на прекршочна постапка, а додека за 30 предмети биле изготвени барања за поведување на прекршочна постапка, но истите не биле проследени до надлежните институции во законски предвидениот рок, со што овозможиле да настапи застареност на поведување и водење на прекршочната постапка.

Со наведените дејствија сториле

претпоставена материјална штета на Буџетот на МВР од 865.425 до 1.987.215 денари.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Зоран Јованов не чувствува вина за тоа што го направил син му

Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што...

Премиерот Мицкоски фрли лопата за нов маркет на Лидл

Премиерот Мицкоски фрли лопата за нов маркет на Лидл Во скопската населба Аеродром започна изградбата на нов маркет на германската компанија “Лидл”. Премиерот Христијан Мицкоски...

Распишана потерницата по 18-годишниот Македонец, кој се обиде да убие член на мафијашки клан

Распишана потерницата по 18-годишниот Македонец, кој се обиде да убие член на мафијашки клан Вишото државно обвинителство во Подгорица издаде наредба за спроведување истрага и...

Охрид се сака со дела: Поранешната касарна доби фудбалски терен за ученици и рекреативци

Во рамки на комплексот од поранешната касарна, започна да функционира и фудбалскиот терен на трева. Изминатиов период екипи на ЈП „Билјанини извори“ активно работеа на...