14.9 C
Ohrid
среда, септември 3, 2025
ПочетнаМакедонијаРаспишана потерницата по 18-годишниот Македонец, кој се обиде да убие член на...

Распишана потерницата по 18-годишниот Македонец, кој се обиде да убие член на мафијашки клан

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Распишана потерницата по 18-годишниот Македонец, кој се обиде да убие член на мафијашки клан

<

Вишото државно обвинителство во Подгорица издаде наредба за спроведување истрага и предлог за притвор против 18-годишниот македонски државјанин Андреј Танасковски, кој е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша Кан (56) од Будва. Според полициските податоци, Кан е висок член на криминална група од Будва, која е тесно поврзана со Шкаљарскиот криминален клан.

Според Обвинителството, Танасковски на 7 август, на базенот од хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Будва, испукал неколку проектили кон Кан, при што му нанел тешки телесни повреди.

„Наредбата е доставена за понатамошно одлучување до Вишиот суд во Подгорица, до истражниот судија“, информираат од Обвинителството.

Полицијата на 15 август објави дека случајот е решен, идентификувајќи го Танасковски како директен сторител. За него е распишана потерница.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид се сака со дела: Поранешната касарна доби фудбалски терен за ученици и рекреативци

Во рамки на комплексот од поранешната касарна, започна да функционира и фудбалскиот терен на трева. Изминатиов период екипи на ЈП „Билјанини извори“ активно работеа на...

Герасимовски бара надлежните да покажат грижа за куќата-музеј на Есма Реџепова

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во рамки на проектот ,,Маалски муабети со Горан”, се сретна со граѓани во Старата скопска чаршија, Ибни Пајко...

Бајач од Штип полнел вода со црево и ја нудел во Кочани како „света“

Бајач од Штип полнел вода со црево и ја нудел во Кочани како „света“ Свештеникот Димитар Арсовски од Кочани предупредува на таканаречена „бајачка измама“ откако...

Кривична пријава за полициски службеник кој нападна советничка и инспектори на град Скопје

Кривична пријава за полициски службеник кој нападна советничка и инспектори на град Скопје, кои утврдиле дека на диво се приклучил на канализациона мрежа Одделот...