Груевски побегнал во Унгарија со автомобилот на Ахмети? Вреди ќе објавува докази за средбата на Османи со експремиерот во Будимпешта
Бујар Османи се сретнал со Груевски во Будимпешта, доказите наскоро ќе излезат во јавноста. Бујар Османи не само што бил во Будимпешта заедно со своето семејство, туку таму приватно се сретнал со бегалецот од македонското правосудство, се наведува во соопштението од Вреди.
„Обидот на Османи да се сокрие зад изговори за ‘класифицирани информации’ и подоцна да ја негира средбата на Фејсбук е доказ за неговата дволичност. Вистината е јаснa, средбата се случила, а доказите наскоро ќе бидат објавени пред целата јавност. Факт е дека МВР се сомневала дека ДУИ била активно вмешана во бегството на Груевски. Автомобилот на Али Ахмети беше задржан цел ден во полициска станица, бидејќи постоеле сомневања дека токму со него поранешниот премиер бил изнесен од државата. Граѓаните треба да знаат дека зад сите лаги и манипулации стои една вистина: Бујар Османи и ДУИ се најважните соработници на Никола Груевски и неговата мрежа. ДУИ беше верен соработник на Никола Груевски и Сашо Мијалков. Останаа верни до денес“, соопшти Вреди.