18.9 C
Ohrid
четврток, септември 4, 2025
ПочетнаМакедонијаПријавени осум случаи на непотребни операции на срце, ќе ги оценуваат и...

Пријавени осум случаи на непотребни операции на срце, ќе ги оценуваат и експерти од Словенија, Италија и Австрија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јавна здравствена установа пријавила осум случи за извршени непотребни кардиохируршки интервенции во интерната комисија што ја формира Министерството за здравство по скандалозните тврдења на кардиологот Сашко Кедев дека во земјата за пари се прават операции на срце и кај пациенти што немаат медицинска потреба. Интерната комисија утре ќе се состане и овие осум случаи ќе бидат првите што ќе ги разгледа, а меѓународната комисија, пак, ќе почне со работа штом заврши потпишувањето на договорите за ангажирање на експертите.

<

Во интерната комисија се доставени медицински досиеја за осум случаи. Комисија ќе ги обработи сите детаљно со цел да се утврди вистината врз основа на медицинските факти. Комисијата утре ќе се состане и овие досиеја ќе бидат првите случаи по кои ќе биде постапено. Како Министерство за здравство веднаш направивме интерна комисија составена од медицински експерти, правници и економисти. Нејзината задача е да ги утврди фактите и да постапува врз основа на медицинските докази според највисоките меѓународни стандарди и прецизни методолошки правила во кои се дефинирани. За членовите на меѓународната комисија постапката е при крај, треба да се заврши административниот дел – потпишувањето на договорите, за да може јавно да ги кажеме имињата. Се работи за светки признати имиња од Словенија, од Италија и од Австрија“, рече денес министерот за здравство Азир Алиу и нагласи дека побарал и вонреден стручен надзор од Лекарската комора.

Министерот Алиу, работењето на комисиите, кое сега е фокусирано на кардиолошките и на кардиоваскуларните интервенции, го нарече „терапија за здравствениот систем“ и најави дека ќе се прошири на сите сегменти и дека никој, ниту од јавното ниту од приватно здравство, нема да биде поштеден ниту, пак, неправедно стигматизиран

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дедо од Австралија, отишол да го земе внукот од градинка, однел погрешно дете дома.

Неименуван маж отишол да го земе внукот од градинка во Сиднеј и по грешка го однел погрешното дете дома, што довело до истрага во...

Димитриевски утре ќе даде отчет за сработеното.

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски утре ќе даде отчет за сработеното во изминатите четири години од неговиот мандат. Овој настан претставува важен момент за...

По 25 години повторно ќе се отвора средно полициско училиште во Македонија

Од септември 2026 година се враќа средното полициско училиште, најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе функционира...

„ВМРО-ДПМНЕ се повлекува во Центар и Куманово – поддршка за кандидатите на ‘ЗНАМ’“

ВМРО-ДПМНЕ нема да кандидира свој кадар за градоначалник за Куманово и за Центар за претстојните Локални избори, туку ќе ги поддржи кандидатите на...