26.9 C
Ohrid
петок, септември 5, 2025
ПочетнаМакедонијаАлбанија со потерница го бара почесниот конзул на Македонија во Турција и...

Албанија со потерница го бара почесниот конзул на Македонија во Турција и еден од сопствениците на „Санте плус”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Билал Кара (45) од Албанија, еден ос сопствениците на ланецот болници „Санте плус“, која има своја клиника и во Скопје, албанската полиција го бара со потерница поради сомневање за сторени злоупотреби преку приватната клиника „Интернешнл медикер“ (поранешна „Санте плус“).

<

Кара во 2023 година беше именуван за почесен конзул на Македонија во Република Турција, со седиште во Измир.

„Клиниката беше блокирана откако наводно не пријавила профит во вредност од еден милион евра. Исто така, за време на проверките, полицијата откри дека оваа клиника давала лекови кои биле со истечен рок или шверцувани производи. Кај пет вработени беше утврдено дека се неосигурани, објавија албанските медиуми.
Групацијата „Санте плус” има три болници во Скопје (две во Ѓорче Петров и една на булеварот „Партизански одреди“), а лани била купена и приватната здравствена уставова „ВФВ клиника“.

Д-р Билал Кара е претседател на Турско-албанскиот бизнис совет при Советот за надворешноекономски односи на ДЕИК (DEIK) и претседател на АТТСО (Стопанско-трговска комора на Република Албанија и на Република Турција).

„Санте плус“ е најголемиот ланец на болници на Балканот, има поликлиника во Милано, општа болница во Тирана, во Белград, Приштина и во Истанбул.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маж од Куманово пријавил во полиција дека го демне непозната жена !!!

Педесет и тригодишна жителка на Куманово доби кривична пријава под сомнение дека следела и фотографила друго лице. СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.В.(53) од...

Драги Рашкоски фатен со кеш пари на граница

Во моментот е задржан на граничниот премин Ново Село, а разликата над дозволениот износ е конфискуван. Македонската царина при претрес на возилото го фатила екс...

Газдата на обезбедувањето во „Пулс“ по трагедијата отворил нова фирма во Струмица

Јавното обвинителство денеска поднесе обвинителен акт и против реалниот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој...

Поднесено обвинение против Александар Нацев за пожарот во Кочани!

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс" денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против уште...