21.9 C
Ohrid
петок, септември 5, 2025
ПочетнаМакедонијаГаздата на обезбедувањето во „Пулс“ по трагедијата отворил нова фирма во Струмица

Газдата на обезбедувањето во „Пулс“ по трагедијата отворил нова фирма во Струмица

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јавното обвинителство денеска поднесе обвинителен акт и против реалниот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 62 лица.
Обвинителството откри шокантен детаљ – по трагедијата, обвинетиот презел активности за формирање на нова фирма за обезбедување во Струмица, со цел да ја продолжи истата дејност, објави 4NEWS.mk

<

Според Обвинителството, обезбедени се докази дека по пожарот во Кочани, обвинетиот започнал да формира ново правно лице чија основна дејност е исто така физичко обезбедување. Целта, како што се наведува, била „да ја продолжи дејноста повторно затскривајќи се формално-правно во раководењето зад друго одговорно лице“.

Јавното обвинителство денеска поднесе обвинителен акт и против реалниот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 62 лица. Обвинителството откри шокантен детаљ – по трагедијата, обвинетиот презел активности за формирање на нова фирма за обезбедување во Струмица, со цел да ја продолжи истата дејност.

Токму поради овие сознанија, иако истрагата за него е завршена, обвинителите процениле дека сè уште постои ризик и до судот доставиле предлог за продолжување на мерката куќен притвор и сите други забрани кои претходно му беа определени.

Новиот обвинет, заедно со веќе обвинетиот управител на „Рубикон“, се товари дека како реален сопственик раководел со агенцијата и имал главна улога, давајќи директни инструкции на обезбедувачите на критичната вечер.

Според обвинението, агенцијата го обезбедувала клубот „Пулс“ *без да има склучено писмен договор* и без воопшто да води грижа и контрола врз работата на своите вработени.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Штекли открива: „Во минатиот живот бев желка!”

Судскиот процес против Раде Трајковски-Штекли, обвинет за трговија со дрога, денеска се најде пред клучна дилема: дали тој е ментално способен да учествува во...

Маж од Куманово пријавил во полиција дека го демне непозната жена !!!

Педесет и тригодишна жителка на Куманово доби кривична пријава под сомнение дека следела и фотографила друго лице. СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.В.(53) од...

Драги Рашкоски фатен со кеш пари на граница

Во моментот е задржан на граничниот премин Ново Село, а разликата над дозволениот износ е конфискуван. Македонската царина при претрес на возилото го фатила екс...

Поднесено обвинение против Александар Нацев за пожарот во Кочани!

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс" денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против уште...