17.8 C
Ohrid
понеделник, септември 8, 2025
ПочетнаМакедонијаРибар од Скопје се удави во Дебарско Езеро

Рибар од Скопје се удави во Дебарско Езеро

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Маж на возраст од 46 години попладнево се удави во водите на Дебарско Езеро, во делот близу Општина Центар Жупа.

<

-Во 16.05 часот, во ОВР Дебар е пријавено дека, во водите на Дебарско Езеро во близина на селото Папрадник, Општина Центар Жупа, било забележано безживотно машко тело. Од преземените мерки на терен, полициските службеници од ОВР Дебар, констатирале дека се работи за М.И.(46) од Скопје – информираа од полицијата.

Увид на местото извршиле полициски службеници и јавен обвинител, а по наредба на јавниот обвинител телото е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

-Наша екипа на итна медицинска помош брзо по дојавата пристигна на местото. Дежурниот лекар само констатирал смрт. На телото на удавеното лице немало траги на насилство, потврдија од Општата болница со проширена дејност.

Според рибочуварската служба станува збор за спортски риболовец, кој често доаѓал на риболов за што поседувал и дозвола.

Ова е втор случај на давеник во Дебарско Езеро. На крајот на јуни жена на возраст од 27 години се удави во близина на градската плажа.

Телото го забележале двајца граѓани кои веднаш ја извлекле од водата и се обиделе да ја реанимираат, но обидите биле безуспешни.
А1он

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Две мандати, 0 денари за луксуз – Ногачески пример за чесно владеење

Во време кога јавноста често слуша за злоупотреби и непотребни трошења на општински пари, градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, е редок пример на...

Премиерот Мицкоски: Додека јас сум претседател на Владата, државата ќе биде сигурна

Покрај темата за прислушувањето, премиерот Христијан Мицкоски во говорот од централната прослава за Денот на независноста се осврна и на предлогот на опозицијата за...

„Татко и син со рекорден сом Стрежево за 8 Септември”

Денот на независноста со успешна семејна рибарска приказна! Татко и син, заедно на акумулација Стрежево, со капитален улов - сом од 35 кг Како што независноста...

„Пецаков: Нека ни е честит и вековит Денот на независноста на Република Македонија“

‎Почитувани охриѓани и граѓани на Република Македонија. Нека ни е честит и вековит денот на независноста на нашата татковина. ‎ ‎На 8-ми Септември...