Добра монтажа, морам да признаам, ме развесели.
<
Браво за авторите. А инаку, црвено-црната комбинација мислам дека подобро ми стои.
Ако вака се тешат во СДС, нека им е: фотошоп наместо работа.
Очигледно, кога немаат што да понудат на народот, кога немаат визија, план или проекти, останува единствено фотошопот. И тоа им е врв на креативноста – да трошат време и енергија на монтирање наместо на решавање проблеми.
Жалосно е, ама и симболично: нивната политика е илузија, монтажа и празна слика без суштина. А народот одамна ги препозна, па затоа денес СДС се сведува на фотошоп партија: партија на замислени успеси и виртуелни победи.
Пишува Бране на социјалните мрежи.