22.9 C
Ohrid
среда, септември 10, 2025
ПочетнаМакедонијаНаграда од 3.000 евра за тој што ќе каже кој го запали...

Награда од 3.000 евра за тој што ќе каже кој го запали автомобилот на Галетановски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако завчера беше запален неговиот автмобил БМВ 5, претседателот на градската организација на СДСМ за Скопје и поранешен директор на скопската Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски, нуди парична награда за информација која ќе доведе до откривање на нарачателот, односно извршителот на делото.

<

На социјалните мрежи тој се заблагодари за поддршката која ја добил по настанот, и вели дека ќе направи се што е во негова можност за да се дознае кој стои зад палењето на автомобилот.

-За жал некогаш треба да ни се случи лоша работа за да видиме кој е до нас. Фала ви другари за поддршката и за сите пораки и повици и извинете што навистина не беше можно на сите да вратам и кренам.
Не ви го заборавам ова и на сите ви должам. Ме знаете добро, никогаш не се сменив и нема да се сменам. Помагав и ќе помагам на кој можам без да се фалам така и ќе продолжам. Од денес натаму ќе направам се да дознаам и помогнам органите да спречат криминални дејствија да го земаат мирот на граѓаните. А ќе се дознае тоа, сигурен сум.
Доколку било кој знае веродостојна информација за извршителот или нарачателот нека ме контактира, ќе биде награден со 2-3 илјади евра, истакна Галетановски.

Вчера пак, за ВИКИМЕДИА тој изјави дека благодарение на брзата интервенција на противпожарните екипи била спречена голема катастрофа, бидејќи веднаш до местото каде горел неговиот автомобил имало многу згради. Кажа дека автомобилот не му бил осигуран, но не поради финансиска загуба, туку поради враќање на мирот на граѓаните, надлежните служби треба веднаш да го најдат сторителот.
Viki.media

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција

23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, одлична меѓуинституционална соработка со РСБСП. Денеска заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на...

Тепачка меѓу вработени на патарината Миладиновци

На 08.09.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, М.А.(48) од Скопје пријавил дека околу 18:50 часот на работното место на наплатна станица Миладиновци, по...

Охридскиот бизнисмен Горан Трпески, и браќата Миса, ќе го обновуваат кампот Треска во Струга.

Браќата Антон и Васил Миса, едни од најпознатите бизнисмени од Струга и сопственици на малопродажниот ланец маркети „Миса“, по неколку децении ќе го возобновуваат...

Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Постојат сомнежи дека пожарот во депонијата Дрисла е предизвикан намерно, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов потсетувајќи дека летово...