20.9 C
Ohrid
четврток, септември 11, 2025
ПочетнаМакедонијаМарина од Неготино: Од трактор на село, до шлепер низ Европа

Марина од Неготино: Од трактор на село, до шлепер низ Европа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Марина Николова (38) од селото Пепелиште, Неготино, е една од ретките жени во Македонија која управува со шлепер и професионално вози низ Европа.

<

Животот на село ја научил на работа со трактор и механизација, но пред неколку години решила да направи голем чекор и да положи за камион. Причините, вели, биле практични – подобра заработка и желба да му се придружи на сопругот, кој исто така е возач.

„Работата е мачна, постојано си на пат, низ цела Европа. Ќерка ми сака и таа да биде како мене, но јас не би и препорачала. Шоферскиот живот изгледа убаво од страна, но носи големи жртви,“ раскажува Николова за Шило Магазин.

Иако на почеток многумина со неверување ја гледале зад воланот на шлепер, со време почнале да ѝ се восхитуваат. „Во Македонија сепак е реткост жена да вози камион,“ додава таа.

Денес Марина работи во транспортната компанија „Јаја“ и ја докажува својата упорност и храброст, покажувајќи дека и жените можат успешно да се справат со професија која со години важела за машка.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Обвинетиот за Кочани, Шабан Салиу со зурли и тапани ја објави кандидатурата за градоначалник!

Вчера вечер министерот без ресор, Шабан Салиу, кој е обвинет за трагедијата во кочанската дискотека Пулс, ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина...

Алиу: Воздухот мириса, но ве уверувам дека не е штетен

Иако депонијата „Дрисла“ трет ден го полни Скопје со смрдеа на изгорена пластика и гума, министерот за здравство, Азир Алиу, дури денес јавно даде...

Мицкоски: Убеден сум дека Фетаи ќе се извини, се труди да го научи македонскиот јазик

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека нема да се повтори случајот во кој на промоцијата на новите таблички на службените возила вицепремиерот Арбен Фетаи во...

Ангелов: Владата после изборите ќе се зафати со трајно решевање на проблемите со депониите

Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спарување, Стојанче Ангелов ќе побара од надлежните институции да се направат дополнителни испитување на составот на отпадните...