Вчера вечер министерот без ресор, Шабан Салиу, кој е обвинет за трагедијата во кочанската дискотека Пулс, ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари, со зурли и тапани низ општината, објави 4NEWS.mk
<
Салиу беше уапсен во април годинава, но подоцна му беше определена мерка на претпазливост, која го обврзува да се пријавува двапати неделно во судот. Обвинението го товари за тешки дела против општата сигурност поврзани со неговата поранешна функција како директор на ДЗС во периодот од 2008 до 2017 година.