22.9 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаОва се ќерката и таткото кои беа убиени вчера во Велес

Ова се ќерката и таткото кои беа убиени вчера во Велес

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Двојно убиство и самоубиство извршено со остар предмет во семејна куќа во Велес ја потресе јавноста денес. Според полицијата, маж од Скопје денеска ги убил поранешната партнерка и нејзиниот татко, па се самоубил.

<

Само неколку часа пред да се случи настанот, Росица К. која е една од жртвите, била излезена во градот. За ВИКИМЕДИА велешани кои ја сретнале, велат дека се во шок од веста и ја дочекале со неверување.
-Ја сретнавме Росица во маркет во градот, пазареше нешто, а потоа беше на каса пред нас. Млада девојка, пред која стоеше целиот живот. Кога околу 16 часот во градот проструи веста за убиствата, ја дочекавме со неверување, останавме занемени. До кога ќе сведочиме на вакви настани, на свирепи убиства, на фемициди и на згаснати невини животи, прашуваат велешани.
На социјалните мрежи пак, веќе се пишуваат коментари од лица кои ја познавале жртвата, и кои истакнуваат дека убиецот и во минатото и се заканувал на Росица, и бил пријавуван во полиција.

Околу тоа дали се евидентирани закани или напади врз жртвата, од страна на нејзиниот поранешен партнер, од СВР Велес за ВИКИМЕДИА изјавија дека ќе излезат со официјални податоци за кратко време.

Како што соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес, во 15:30 часот било пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет.
-На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт. Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и К.К.(74) , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С.(39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт“, соопшти СВР Велес.
Увид врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вики Клинчарова

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицајка грабнала и тепала помлада колешка во Штип

Вистинска полициска драма се случувала во Кочани и во Штип, кога полицајка, со помош на уште една жена, киднапирала помлада колешка и ја одвела...

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...