14.9 C
Ohrid
среда, септември 3, 2025
ПочетнаМакедонијаСаботажа откриена во Горенци: Прекинот на водата бил намерно предизвикан

Саботажа откриена во Горенци: Прекинот на водата бил намерно предизвикан

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

САБОТАЖА НА ВОДОВОДНИОТ СИСТЕМ

<

Почитувани жители,

Екипите на ЈПКД Дебрца работеа на терен до 24:00 часот со единствена цел да се овозможи водоснабдување во Подмолје, кое остана без вода. За жал, и покрај вложениот труд, проблемот не успеавме да го решиме во текот на вчерашниот ден.

Уште од утринските часови денес (недела) во 05:00 часот започнавме со нови активности и направивме контрола на сите 42 шахти. При тоа откривме САБОТАЖА НА ШАХТАТА ВО ГОРЕНЦИ ПОКРАЈ АВТОПАТОТ КАЈ ХОТЕЛОТ ДИМИТРИЈЕ КАДЕ БЕШЕ ЗАТВОРЕН ГЛАВНИОТ ВЕНТИЛ ШТО ОДИ ОД СВ ЕРАЗМО ПРЕМА ТРЕБЕНИШТА А БЕШЕ ПРЕКИНАТ ВОДАТА ДА СТИГНУВА ДО ПРЕД ГОРЕНЦИ И ДА НЕ ВЛЕГУВА ВО РЕЗЕРВАРОТ ГОРЕНЦИ.

Со ова затворање на вентилот, бидејќи Горенци е највисоко село и се користи како преливна точка при полн систем, водата која пристигнуваше до Горенци не можеше да се прелива понатаму. Како резултат на тоа настанал дефектот БИДЕЈКИ ПРИТИСОКОТ ШТО ГО ПРАВИ ПУМПАТА ОД СВ ЕРАЗМО НЕМА ПРЕЛИВНА ТОЧКА ЗАРАДИ ЗАТВОРАЊЕ НА ВЕНТИЛОТ И Е ИЗБИЕНА ВО БЛАТОТО ВО ПОДМОЛЈЕ.

Апелираме до сите жители:
Не смее да се чепкаат вентилите (Шиберите) на главниот водовод кој се наоѓа покрај автопатот! Секое фаќање на сторител ќе биде најстрого санкционирано со кривична и парична одговорност.

Не е јасна намерата на сторителот, но е очигледно дека се работи за свесна саботажа со позадинска цел.

Ги известуваме жителите на Подмолје дека во најбрзо време ќе добијат вода. Како директор, лично се извинувам што останаа без вода околу 9 часа и уверувам дека ќе направиме сè за вакви ситуации да не се повторуваат.
Ви благодариме за трпението и разбирањето.
Стои во објавата на ЈПКД ДРБРЦА

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид се сака со дела: Поранешната касарна доби фудбалски терен за ученици и рекреативци

Во рамки на комплексот од поранешната касарна, започна да функционира и фудбалскиот терен на трева. Изминатиов период екипи на ЈП „Билјанини извори“ активно работеа на...

Герасимовски бара надлежните да покажат грижа за куќата-музеј на Есма Реџепова

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во рамки на проектот ,,Маалски муабети со Горан”, се сретна со граѓани во Старата скопска чаршија, Ибни Пајко...

Бајач од Штип полнел вода со црево и ја нудел во Кочани како „света“

Бајач од Штип полнел вода со црево и ја нудел во Кочани како „света“ Свештеникот Димитар Арсовски од Кочани предупредува на таканаречена „бајачка измама“ откако...

Кривична пријава за полициски службеник кој нападна советничка и инспектори на град Скопје

Кривична пријава за полициски службеник кој нападна советничка и инспектори на град Скопје, кои утврдиле дека на диво се приклучил на канализациона мрежа Одделот...