21.9 C
Ohrid
вторник, септември 9, 2025
ПочетнаМакедонијаРибар од Скопје се удави во Дебарско Езеро

Рибар од Скопје се удави во Дебарско Езеро

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Маж на возраст од 46 години попладнево се удави во водите на Дебарско Езеро, во делот близу Општина Центар Жупа.

<

-Во 16.05 часот, во ОВР Дебар е пријавено дека, во водите на Дебарско Езеро во близина на селото Папрадник, Општина Центар Жупа, било забележано безживотно машко тело. Од преземените мерки на терен, полициските службеници од ОВР Дебар, констатирале дека се работи за М.И.(46) од Скопје – информираа од полицијата.

Увид на местото извршиле полициски службеници и јавен обвинител, а по наредба на јавниот обвинител телото е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

-Наша екипа на итна медицинска помош брзо по дојавата пристигна на местото. Дежурниот лекар само констатирал смрт. На телото на удавеното лице немало траги на насилство, потврдија од Општата болница со проширена дејност.

Според рибочуварската служба станува збор за спортски риболовец, кој често доаѓал на риболов за што поседувал и дозвола.

Ова е втор случај на давеник во Дебарско Езеро. На крајот на јуни жена на возраст од 27 години се удави во близина на градската плажа.

Телото го забележале двајца граѓани кои веднаш ја извлекле од водата и се обиделе да ја реанимираат, но обидите биле безуспешни.
А1он

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вучиќ се сретна со Џеки Чен.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се сретна со познатиот холивудски актер и нов амбасадор на брендот EXPO 2027, Џеки Чен. По тој повод, Вучиќ...

Ако може на албански да зборам:„Вицепремиерот на Мицкоски одби да одговара на македонски јазик”

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој е дел од ВЛЕН и коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во Владата, денеска одби да одговори...

„Македониумот се распаѓа нема пари ниту кадар за обнова”

Еден од спомениците-симболи на борбата на македонскиот народ за сопствена држава пропаѓа и скапува под вода. При посилен дожд, подот на споменикот „Илинден“ во...

„Мицкоски со синовите во Будимпешта – ќе го гледаат Роналдо во живо”

Премиерот Христијан Мицкоски на својот Инстаграм профил објави дека е во Будимпешта заедно со синовите на покана на Виктор Орбан. Ретко сме заедно, уште поретко...