16.1 C
Ohrid
среда, септември 10, 2025
ПочетнаМакедонија„Автомобилот на Ѓорѓи Галетановски запален во ноќни часови"

„Автомобилот на Ѓорѓи Галетановски запален во ноќни часови”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ноќеска два часа после полноќ бил запален автомобилот на претседателот на скопската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски Чомбе.

<

Автомобилот „мерцедес“ му бил паркиран пред зградата во која живее кај Чешма во Кисела Вода.

Ноќеска околу 2.50 часот беше запален и потоа целосно изгоре автомобилот. Колата беше паркирана пред зграда, а ме разбуди брат ми и ми кажа дека се слушаат експлозии од пукањето на гумите, рече Галетановски за „Фокус“.

За тоа дали пожарот е подметнат и дали се сомнева во некого, поранешниот директор на Зоолошка градина Скопје, рече дека остава полицијата да си ја сработи работата.

– Не се сомневам дека ова има политичка позадина. Оставам полицијата да си ја сработи работата и да го најде лицето кое го сторило ова. Не сум добивал закани од никого во последно време ниту пак сум скаран со некого во градов за ова да ми се случи, истакна Галетановски за „Фокус“.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Веапоска: „Немам веќе ни сила ни здравје, во нашата држава нема веќе ни суд ни судии, ни правда“

Во Основниот суд во Струга денеска повторно беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката...

„Осудениците ќе учат земјоделие: Затворите ќе им доделат земјиште за обработка”

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска потпиша Меморандум за соработка со В.Д директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов. Меморандумот...

Тргни застани: „Деца и пензионери во страв на пат кон Македонија, поради проблем со автобус”

Група македонски туристи вечерва со страв се враќаат од празнична посета на Истанбул. Причината е што автобусот на агенцијата „Ганиќ ексклузив“ постојано прегрева, па мораат...

Вучиќ се сретна со Џеки Чен.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се сретна со познатиот холивудски актер и нов амбасадор на брендот EXPO 2027, Џеки Чен. По тој повод, Вучиќ...