Познатата пејачка, водителка и мотивациски тренер Јулија Мациевска била повикана како прв сведок на денешното судско рочиште за скандалот „Онкологија”.
Таа е мајка на познатата академска сликарка Адријана Начевска, која почина пред три години. Со солзи во очите ја раскажувала целата голгота што ја поминала со своето чедо.
Мојата ќерка почна со лекување на Клиниката за онкологија во септември, 2020 година. После нејзиниот роденден почнавме со терапија. Доктор и беше Нино Васев.
На секое примање терапија бев присутна со неа. Пред да се прими терапијата и беа правени испитувања, крвна слика…Тие терапии се многу тешки и состојбата и беше тешка, но ние мислевме дека е нормално тоа кога се примаше хемотерапија.
Тоа беа тешки терапии, но Адријана имаше толку волја и желба и верба во докторот, кој ни влеа надеж. Првично, ги поднесуваше стоечки и организмот и беше спремен да се избори со таа хемија.
На неа никогаш не и беше измерена телесната тежина, си ги примаше цели дози. Јас алармирав бидејќи имав телефони од доктор Нино и Мери, но одговорите беа дека тоа е нормално после секоја хемотерапија и ќе помине. И некако поминуваше. Ние во доктор Нино гледавме Господ.
Не можам да кажам дека тие не беа љубезни на почетокот. Вербата беше во него голема и чиста, го сакавме од срце. Тие беа нашите спасители.
Тој и рече за месец, два ќе одиш оти таа беше во количка бидејќи имаше метастаза на кичма. Ние се фаќавме за сламка..“.
Целото сведоштво можете да го прочитате ОВДЕ!