20.9 C
Ohrid
петок, септември 12, 2025
ПочетнаМакедонијаВраќањето на името Македонија тема на дискусија во Собрание, еве што одговори...

Враќањето на името Македонија тема на дискусија во Собрание, еве што одговори премиерот Мицкоски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На денешната седница бр. 68 на Собранието, пратеникот Скендер Реџепи упати прашање кон премиерот Христијан Мицкоски, објави 4NEWS.mk

<

Реџепи го праша премиерот дали државен интерес е почитувањето на Уставот? Доколку тоа е државен интерес тогаш како е можно премиерот, министрите, пратениците, претседателот на Собранието да дозволуваат постојано да се прекршува Уставот употребувајќи име кое не е составен дел од Уставот?

Премиерот Христијан Мицкоски му одговори на пратеникот Реџепи:, објави 4NEWS.mk

-Фала ви на прашањето, жештоко енергично, морам да признаам. Во добра кондиција сте пред изборите, очекувам да постигнете добар резултат. Некои 4000-5000 гласови да освоите. Гледам во добра форма сте, тоа ми се допаѓа, рече Мицкоски и продолжи со одговор на прашањето:

-Околу името сега треба да се договорите со вашите коалициони партнери, овие викаат не сме го вратиле името, вие викате сме го вратиле името. Дај договорете се кај сме. И со овие новите позади таму. До каде сме? Дај договорете се! Мене стварно не ми е јасно ова однесување. И навистина јас очекував од вас господине пратеник да бидете поголем демократ. Моето уставно загарантирано право на слобода на говор и така натаму кое е заштитено да го почитувате. Не можете вие мене да ми кажете како да ја нарекувам мојата земја. Мојата земја сум кажал е Македонија и ќе биде Македонија. Во интерес, токму на оној државен интерес и слично кога давав заклетва ја спомнав придавката да не дојде до некои други компликации. Инаку нема да слушнете поинаку. Барем додека сум јас премиер, а кога ќе дојде некој друг тогаш можете да коментирате. Договорете се со колегите однапред смее или не смее, јас сум сега збунет со ова ваше обраќање денеска, видов дека сте жестоко мотивиран за кампањава што ќе почне и претпоставувам дека го почитувате она новото куберте добро е да се учествува, а не да се победи, рече премиерот Христијан Мицкоски.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Комбе со работници излетало на експресниот пат Штип – Радовиш, има загинати и повредени!

Утринава комбе што превезувало работници излетало од мостот на Балатилиска Река на експресниот пат Штип – Радовиш. Според првичните информации, во несреќата има загинати...

Марина од Неготино: Од трактор на село, до шлепер низ Европа

Марина Николова (38) од селото Пепелиште, Неготино, е една од ретките жени во Македонија која управува со шлепер и професионално вози низ Европа. Животот на...

Обвинетиот за Кочани, Шабан Салиу со зурли и тапани ја објави кандидатурата за градоначалник!

Вчера вечер министерот без ресор, Шабан Салиу, кој е обвинет за трагедијата во кочанската дискотека Пулс, ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина...

Алиу: Воздухот мириса, но ве уверувам дека не е штетен

Иако депонијата „Дрисла“ трет ден го полни Скопје со смрдеа на изгорена пластика и гума, министерот за здравство, Азир Алиу, дури денес јавно даде...