Ретко носам штикли, секогаш сум во патики и постојано на терен со граѓаните“, вака ја опиша Ивана Ѓорѓиевска својата досегашна улога на претседател на Советот на Општина Куманово.
Денеска поднесе кандидатура за советничка листа во име на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија за претстојните локални избори.
– Покажавме дека сме дел од нашите сограѓани. Дека функцијата советник не е привилегија за нас туку напротив дека е од големо одговорност. Постојано бевме со нашите сограѓани постојано бевме на терен. Јас сум позната како претседател кој многу ретко носи штикли, напротив сум во патики и постојано на терен со граѓаните. За мене таа функција беше многу голем предизвик, се надевам дека истиот, можеби подобар успех ќе успееме да освоиме на престојните локални избори. Зад мене се советници актуелни советници кои се наоѓаат на советничка листа која ја испланиравме за овие локални избори, меѓутоа и многу нови луѓе кои се луѓе од народот, изјави Ѓорѓиевска.