30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаРеновирани повеќе простории во Клиниката за дерматологија

Реновирани повеќе простории во Клиниката за дерматологија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Клиниката за дерматологија реновирана е дневната болница, дежурната соба на лекари, работната соба на медицински сестри, собата за изолација на пациенти и апартманот за пациенти. Голем дел од просториите се климатизирани, соопшти денеска Министерството за здравство.

<

Клиниката за дерматологија, како што наведува Министерството, реализираше низа активности за обезбедување повисок стандард за дијагностика, ефикасна и безбедна здравствена заштита, но и за подобрување на условите за пациентите и условите за работа на персоналот. Според Министерството, Клиниката е вистински пример за одговорно работење во интерес на пациентите.

Во изминатиот период, посочуваат од Министерството, Клиниката за дерматологија кадровски го зајакна својот тим со седум вработувања.

-Набавена е медицинска опрема, како дермоскоп, апарат за пресотерапија и лимфна дренажа, колор доплер апарат, апарат и алергени за ин витро дијагностика во алергологија. Клиниката за дерматологија во соработка со Биодерма-Македонија, ја отвори првата Школа за атопија во нашата држава, со цел едукација на пациентите со атопија, се наведува во соопштението на Министертсвото за здравство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...