27.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаВЛАДАТА ПОТВРДИ: ЗАЕВ СЕ СРЕТНАЛ СО СОРОС ЏУНИОР, НО НЕМА НИШТО ТАЈНО...

ВЛАДАТА ПОТВРДИ: ЗАЕВ СЕ СРЕТНАЛ СО СОРОС ЏУНИОР, НО НЕМА НИШТО ТАЈНО ВО ТОА

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владата сепак потврди дека премиерот Зоран Заев викендов се сретнал со Алесандар Сорос поради консултации за новата регионална инцијатива за Западен Балкан. Од Владата велат дека повеќе меѓународни организации даваат придонес и експертиза за иницијативата која има за цел да го подобрува животот на граѓаните, пренесуваат А1 Он и Република.Резултат со слика за Алесандар Сорос

<

„Во тој контекст, за време на работните средби во Охрид и Нови Сад, повеќе консултации се одржаа со претставници на Европската комисија, на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Регионалниот совет за соработка, како и со заменик – претседавачот на Фондациите Отворено општество Александар Сорос, кои се залагаат за унапредување на човековите права, правда, подобро јавно здравство и образование“, изјавиле од Владата за „А1он“.

Иако средбата не беше најавена, ниту службите известија дека државниот врв се сретнал со Александар Сорос, синот на Џорџ Сорос, од Владата велат дека нема тајни.

Од Владта упатиле и писмен одговор за ова до порталот Република .. еве што стои во одговорот

Одговор од Владата

Новата регионална иницијатива за Западен Балкан е поддржана од различни меѓународни чинители. Повеќе меѓународни организации даваат придонес и експертиза во оваа иницијатива која има за цел да го подобрува животот на граѓаните.

Во тој контекст, за време на работните средби во Охрид и Нови Сад, повеќе консултации се одржаа со претставници на Европската комисија, на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Регионалниот совет за соработка, како и со заменик-претседавачот на Фондациите Отворено општество Александар Сорос, кои се залагаат за унапредување на човековите права, правда, подобро јавно здравство и образование.

Нема ништо тајно во новата иницијатива на земјите од Западен Балкан – тоа е иницијатива за подобар Балкан и за подобар живот на сите граѓани во регионот.

Иницијатива за подобар Западен Балкан не е никако поврзана со најавените предвремени избори во нашата земја.

Што се однесува до полициското обезбедување на охридскиот аеродром, истото беше ангажирано заради присуството на високите гости на регионалниот состанок во Охрид, односно заради потребите на шефовите на држави и влади од регионот кои беа учесници на работните средби. Тоа е согласно редовните безбедносни стандарди кога станува збор за присуство на претседатели и премиери во Северна Македонија.

Владата уверува дека иницијативата за подобар Западен Балкан во чии рамки била средбата на државниот врв со Александар Сорос, не е никако поврзана со најавените предвремени парламентарни избори. Дел од јавноста средбата ја протолкува како нов обид за финансиска поддршка на одредени медиуми кои ќе влијаат за подобрување на имиџот на актуелната Влада во пресрет на изборите.

Од Владата не одговорија што конкретно се разговарало на средбата кои се заклучоците и дали е договорен финансиски пакет за поддршка на медиумите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...