3.9 C
Ohrid
вторник, април 8, 2025
ПочетнаМакедонијаАвтобусот на „Дурмо турс“ имал уред за манипулација на брзината, тврди возач...

Автобусот на „Дурмо турс“ имал уред за манипулација на брзината, тврди возач од компанијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Автобусот на „Дурмо турс“ имал уред за манипулација на брзината за 12-13 километри на час и секој возач можел да го користи кога сака, истакна возач вработен во „Дурмо турс“ на денешното рочиште за автобуската несреќата кај Ласкарци.

<

 

Сведокот Филип Наумовски, осум години работел во „Дурмо турс“ како возач, а по потреба бил и кондуктер.

– Автобусот дента го возевме јас, Џемаил и Мануел. Првата тура од Гостивар за Скопје и назад во 7 часот мислам дека ја возеше Мануел. Потоа во 11 часот турата мислам дека ја возеше Џемаил. Во тој период Мануел беше на дневен одмор, како пауза, изјави Наумовски.

Автобусот, објасни сведокот, го возел од наплатната Глумово до Гостивар и не забележал ништо невообичаено.

– Во 14:30 за Скопје возеше колегата Мануел. Во автобусот бевме и јас и Џемаил. За време на возењето тој не се пожали за никакви здравствени или технички проблеми, изјави Наумовски.

Во 16:50 тргнавме со Мануел од Скопје и јас се симнав во Ѓорче Петров.

– За несреќата ми кажа Џемаил и јас отидов на местото на несреќата. Кога стигнав, го видов Мануел и го прашав што се случи. Тој ми одговори „не знам што се случи”, рече Наумовски.

Претходно, сведокот кажа дека автобусот дента, цело време возел на една тахографска лента.

– Тахографските ленти седеа во кутија во автобусот. Таму ги стававме старите и стававме нова. Сите возевме на една лента. Знаевме дека не треба, ама така правевме. Дента јас не ја пополнив тахографската лента, не знам дали некој во гаража, изјави Наумовски.

Тој рече дека ниту Дурмиш Белули, ниту Ремзи Мифтари, додека работел, не побарал или ги контролирал тахографските ленти.

Во автобусот рече дека имало уред за манипулација, што бил поставен неколку месеци откако се вработил во „Дурмо турс“.

– Бесник и јас отидовме заедно во една фирма. Прво со еден после со друг автобус. Јас бев тогаш неколку месеци примен. Тоа беше во една фирма во Железара. Бесник во фирмата побара да се стави копче да лажира да покажува помала за 12-13 километри брзина, изјави сведокот.

Појасни, дека знаел дека сите три автобуси на таа релација имаа таков уред.

Прашан дали сам како возач смеел да одлучи да го извади уредот, сведокот рече дека тој само што се вработил и не можел такво нешто.

Сведокот појасни и дека доколку имале проблем со автобусот за тоа му кажувале на Ремзи Мифтари, кој кажувал кој автобус може да де вози на која релација.

Судскиот процес го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

МИА

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Родителите на децата од Кочани низ солзи им се заблагодаруваат на лекарите и на бугарскиот народ за грижата за нивните деца

Родителите на децата од Кочани низ солзи им се заблагодаруваат на лекарите и на бугарскиот народ за грижата за нивните деца повредени во трагедијата...

Битолчанец цела година крадел струја, Од ЕВН велат дека се оштенети за 9 милиони денари !!!

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против правно лице од Битола и В.П. (50) од Скопје, управител на правното лице,...

Честитка на градоначалникот Пеаков по повод Меѓународниот ден на ромите

По повод одбележување на Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до сите припадници на ромската заедница во градов. –...

Гоце Делчев Тодев: Полицискиот службеник кој алармирал дека дискотеката „Пулс“ е небезбедна

Ако и со трагедијата во Кочани излезе дека е виновен некој функционер од пред десет години, а сегашните не се, значи ние имаме проблем...