15.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаОтворен 14. традиционален меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите...

Отворен 14. традиционален меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска во спортскиот центар „Борис Трајковски“ го отвори четиринаесеттиот традиционален меморијален турнир во мал фудбал, кој здружението на бранителите и Министерството за одбрана го организираат во чест на загинатите бранители на нашата татковина.

<

Министерката се заблагодари на Здружението за нивната мотивираност и посветеност во организација на овој турнир за бранителите кои, рече таа, го дадоа својот живот за нашиот мир, нашата безбедност, нашата држава и народ, и живеењето во мир, благосостојба и безбедност.

„Сето поминато време е кратко за болката да биде поподнослива. Да изгубите, да изгубиме некој близок значи да се помести целото наше постоење, целиот наш живот, сета наша реалност. Меѓутоа, се собираме на сите овие меморијални турнири за да кажеме дека нивната жртва никогаш нема да биде заборавена, ниту пак ќе биде залудна. Тие се причината зошто денеска живееме во мир, како безбедна, нормална држава, зашто денеска воопшто можеме да размислуваме за интеграција, за перспективи, за нови можности и за просперитет“, рече министерката.

Шекеринска во име на Министерството и Владата изрази длабока почит за службата, пожртвуваноста и храброста на бранителите кои, рече, се нашите херои, сега и секогаш.

„Спортот е можеби најдобриот начин, како и културата и уметноста да ја изразиме нашата почит, онаму каде што зборовите веќе не можат ништо повеќе да кажат“, посочи министерката која во име на сеќавањето кон делото на бранителите го прогласи Меморијалниот турнир за отворен.

На турнирот учествуваат 16 екипи од целата држава, вклучувајќи и екипа од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата и Министерството за внатрешни работи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...