11.9 C
Ohrid
сабота, април 12, 2025
ПочетнаМакедонијаЖИТЕЛ НА ВРАТНИЦА ПОЧИНА НА БАРИКАДАТА ПРОТИВ ИЗГРАДБАТА НА МИНИ ХИДРОЦЕНТРАЛАТА НА...

ЖИТЕЛ НА ВРАТНИЦА ПОЧИНА НА БАРИКАДАТА ПРОТИВ ИЗГРАДБАТА НА МИНИ ХИДРОЦЕНТРАЛАТА НА ВРАТНИЧКА РЕКА

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На селските гробишта во Вратница денеска е погребан 64-годишниот Душко Златевски. Тој вчера излегол на поставената барикада со која жителите на селата Вратница, Старе Село и Орашје не дозволуваат отпочнување на градбата на мини хидроцентралата на Вратничка Река. Кога се очекувало инвеститорот да дојде со механизација за да отпочне со градбата, на Душко му се слошило и паднал во бесознание. Докторот од блиската амбуланта му укажал прва помош, но на пат кон тетовската болница Душко починал. Сето ова предизвика уште поголем револт кај жителите од овие села против изградбата на мини хидроцентралата.

<

„Во понеделникот беше најавено дека фирмата ‘Требика хидро‘ ќе дојде со механизација. Жителите од овие три села веднаш реагираа и се собравме на почетокот од патот кој води кон локацијата каде треба да се гради хидроцентралата. Како барикада, поставивме и наша механизација, за да го спречиме пристапот. Во целата таа крајно напната и стресна ситуација во еден момент на нашиот соселанец Душко Златевски му се слоши и почина. Не знам дали треба да има уште жртви за надлежните конечно да го разберат нашиот став дека категорички сме против изградбата на хидроцентралата“, изјави Мирослав Спировски, претседател на здружението „Вратница“

ВРАТНИЧАНИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ НА ВРАТНИЧКА РЕКА ДА СЕ ИЗГРАДАТ МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ОТИ ЌЕ СЕ УНИШТИ СЕЛОТО
Жителите на овие три села уште од 2013 година водат борба со инвеститорот кој добил концесија да изгради мини хидроцентрала на Вратничка Река. Досега неколку пати успеале да го спречат во намерата.

„Не се работи за спречување на градбата на само една централа. Според наши сознанија, на Вратничка Река треба да се градат 4-5 мини централи, кои ќе се протегаат од самите врвови на Љуботен, па до вливот на Вратничка Река во Вардар. Целата постапка за давање концесија е спроведена нелегално и нетранспарентно и како последица на сето тоа сме дојдени во ваква ситуација“, вели Живе Кировски од Вратница.

Против изградбата на мини хидроцентралата се и жителите на соседното село Орашје. Се плашат дека таа ќе им ја секне водата и ќе им го запусти полето.

Барикадата од механизација и денеска беше поставена на пристапниот пат кон локацијата за градба на мини хидроцентралата. Вратничани и жителите на Старе Село и Орашје најавија дека в четврток имаат закажано средба со премиерот Зоран Заев.

Вчера со соопштение се огласи и инвеститорот, фирмата „Требика хидро“, во кое се вели дека ги има сите потребни документи, дозволи и елаборати за градба и велат дека ќе го имаат предвид зачувувањето на животната средина.

З. АНДОНОВ

©SDK.MK
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Богојески ќе тужи самонаречени „новинари поврзани со сдсм и дуи“, ширеле лажни информации и материјали против него

Петар Богојески ќе отпочне правна постапка пред надлежните институции против правни и физички лица, меѓу кои се и „одредени политички партии, нивни функционери, невладини...

Упасени се Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири – проширена истрагата за пожарот во Кочани

По наредба на Обвинителството, полицијата денеска апси поранешни високи функционери и прибира докази, зашто ја проширува истрагата за катастрофалниот пожар во дискотеката во „Пулс“...

Донација од Бугарија за градската општа болница во Кочани.

Во текот на вчерашниот ден Фондацијата „Гората. Бг“ од Република Бугарија донираше медицинска опрема за Општа болница со проширена дејност – Кочани. ЗУ Општа болница...

Пациент почина на Кардиохирургија со пукната аорта, без да биде опериран?!

Дали работат операционите сали на Клиниката за кардиохирургија и дали поголем дел од персоналот е на симпозиум? Дали овие се причините поради кои што...