20.9 C
Ohrid
петок, јуни 6, 2025
ПочетнаМакедонијаКатица „мора“ да се грижи за полнолетните деца по дома.

Катица „мора“ да се грижи за полнолетните деца по дома.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Околностите дека обвинетата е жена и самохрана мајка, сама се грижи за своите деца, нејзината здравствена состојба е многу влошена и потребни и се подобри услови заради зачувување на нејзиното здравје да прима редовна медицинска терапија и да има хигиена во домашни услови, а по потреба да посетува и специјалист, укажуваат дека се исполнети условите за замена на мерката притвор со куќен притвор и за истите советот на овој суд оцени дека се основани и о конкретниот случај исполнети се законските услови за укинување на притворот и определување куќен притвор и мерки на претпазливост спрема обвинетата.

<

Ова беше образложението на решението на Судскиот совет на Апелација со кое мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева беше заменета со мерката куќен притвор, што предизвика бура реакции во јавноста и уште еднаш го манифестираше колапсот на целиот правосуден систем во државата.

Неспорно е дека членовите на Советот ги ценеле сите формулации при носењето на решението, но една од нив предизвикува посебно внимание, зашто се поигрува со чувствата и интелигенцијата на јавноста и на граѓаните.

Без разлика дали таа била одлучувачка или не, дилемата е дали Катица Јанева може да се подведе под категоријата самохрана мајка?

Гледано природно или чисто биолошки, мајка си е мајка, родител кој до крајот на животот води грижа за своите чеда, без разлика на нивната возраст. Но, гледано чисто правно, грижата на родителите за своите деца завршува со нивната полнолетност.

Катица Јанева има две деца-постара ќерка и помал син. И двете се полнолетни! Што ќе рече дека правно гледано, Јанева не може да се смета за самохрана мајка.

Оттука и другата дилема-кому му требало и зошто членовите на Советот дозволиле да се доведуваат во непријатна ситуација и да се бламираат со дел од решението околу статусот на Јанева како самохрана мајка?!Многу почесно ќе беше да останат останатите формулации од обраложението на донесеното решение, што се сведуваат на нејзината здравствена состојба и потребата од хигиенски услови и посета на специјалист.

лидер

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Данела до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. Мухамед Елмази бидејќи се закануваш, ајде...

Млад Србин херојски го спасил животот на Македонец на Олимпик бич во Грција

На познатата грчка плажа Олимпик бич се случи херојска спасувачка акција кога млад Србин навремено реагираше и го спаси животот на постар Македонец што...

Не чувствувам одговорност за трагедијата во Кочани, вели министерот и ексдиректор на ДЗС, Шабан Салиу

Верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати, да кажам,...

Полицаец повреден откако возач му ја прегази ногата за време на контрола

На 04.06.2025 околу 20.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со...