16.9 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаСветОва е учителот-херој што спречи трагедија во училиштето во Србија (ФОТО)

Ова е учителот-херој што спречи трагедија во училиштето во Србија (ФОТО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во средното економско училиште Вук Караџиќ во српското место Велика Плана вчера беше избегната трагедија која ја спречи учител совладувајќи го вооружениот маж кој упаднал со автоматска пушка и експлозив.Наставникот-херој е Славољуб Стојадиновиќ кој на српските медиуми им ги раскажал деталите.„Тоа се случи за време на шестиот час. Ме повика моја ученичка да дојдам од салата за физичко и ми кажа дека човек со оружје е кај нив во училницата. Истрчав од салата, чукнав на вратата и го видов колегата кој седеше на катедрата. Од десна страна здогледав лице со оружје и торба полна експлозив. Го прашав кој е, но не го слушнав одговорот“, кажа Стојадиновиќ.Тогаш им наредил на децата да излезат. Почнала борба со напаѓачот кого успеал да го совлада, при што ја повредил раката. Во туркањето биле испукани два истрели.Училиштето нема обезбедување, но има камери. Напаѓачот сепак успеал да влезе.„Училишниот полицаец во тој момент не беше во училиштето. Напаѓачот влегол во училиштето вооружен додека чистачките чистеле“, додаде Стојадиновиќ и додаде дека децата биле заложници 15-тина минути, додека тој не се појавил.

<

Како што објавија српските медиуми, напаѓачот е 46-годишниот Горан Т., психички нарушена личност. Сакал да предизвика заложничка криза во училиштето, а кај него биле најдени и пиштол, експлозив и рачна бомба.

По нападот бил одведен во болницата каде што е згрижен.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...