14.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаСвет4-годишно момче шие играчки, за да собере пари за својата операција

4-годишно момче шие играчки, за да собере пари за својата операција

spot_imgspot_img

Во 2015-та година, на 4-годишниот Андреј Семилет му бил дијагностициран
рак на крвта. За ова сериозно заболување потребно е скапо лекување, кое
чини околу 36.000 евра. За жал, семејството на Андреј ги немаше потребните финансиски средства, а неговата мајка беше спремна да го продаде нивниот стан, за да го спаси своето дете. Но, помошта дојде од најнеочекуван агол. Самиот Андреј започна да шие играчки, со цел да си го плати сопственото лекување.

Што се случи со судбината на детето и како се одвиваше таа тажна приказна? Кога луѓето ги започнаа подготовките за Нова Година, во тој период, малиот Андреј беше во болница, при што му беше поставена ужасна дијагноза-леукемија. Лекарите во Украина не можеа да му помогнат, но имаше решение- лекување во Белорусија. За таа цел, неопходно беше да се соберат 36.000 евра, сума која семејството на Андреј ја немаше. Мајката на
момчето тропаше од врата на врата за помош, но ниту тоа не помогна.
Еден ден, за да му го сврти вниманието на болното момче од бројните грижи и проблеми, направените играчки.

На почетокот, мајката и бабата на момчето се занимавале со производството, а малиот Андреј ги декорирал и бојадисувал. Но, во изработката за кратко се вклучи и самиот Андреј. Тој со задоволство започна да ги шие играчките, бидејќи цврсто веруваше дека тие ќе му помогнат да ја победи страшната болест. Неговата мајка продолжи да бара финансиска поддршка од разните фондации и хуманитрани организации. Останале уште неколку дена до крајот на собирањето на потребната сума, но се утврди дека истата за жал, не беше доволна.

Но, тогаш се случило чудо. Бидејќи приказната на малиот Андреј била и медиумски претставена, многу луѓе биле трогнати од истата и за само 5 дена, 36.000 евра биле донирани од жителите со големо срце, кои се одлучиле да ги купат играчките на Андреј.

По соберената потребна сума, лекувањето на момчето успешно започнало. Иако тој денес сe уште не може да оди на училиште и да има сосема вообичаен живот, неговото семејство смета дека токму тоа е и најважното, што нивното момче успеало преку играчките да го спаси сопствениот живот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со бензин го полил казиното Адмирал во Охрид, па потоа го запалил !!!

Вечерва околу 19 часот избувнал пожар во казино Адмирал лоцирaно во центар во Охрид, кога едно лице го полило со бензин внатрешниит дел на...

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ на општина Дебрца, упати јавна благодарност до сите граѓани кои ја поддржаа прфесорката Давкова во првиот круг !!

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ на општина Дрбрца, Златко Силјаноски, упати јавна благодарност  до сите граѓани кои ја поддржаа прфесорката Давкова во првиот круг !!

Филипче се шегува, или е сериозен?!- Патот Градско – Прилеп му се видел готов. (Видео)

МАРКУКУЛЕ - Тука вистината ви е на дланка. дома Вести ВестиМакедонија Филипче се мајтапи? Патот Градско – Прилеп му се видел готов (ВИДЕО) од страна на markukule-...

Градоначалникот Ногачески: Почитувани сограѓани – православни христијани, Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Велигден !

Почитувани сограѓани – православни христијани, Христовото Воскресение, како најторжествен христијански празник, кога ја славиме победата на животот над смртта, нека Ви донесе радост, среќа,...