30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаШекеринска: Нормално е да има шуга меѓу војниците. (Видео)

Шекеринска: Нормално е да има шуга меѓу војниците. (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Било нормално во армија од 8000 луѓе да се појават болести, па дури и шуга, ова беше изјавата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, за случајот со појава на шуга во касарната во Велес.
Министерката вели нема простор за паника, шугата не се појавила во касарната туку била во процес на инкубација кај војник кој доброволно се пријавил.

<

Знаете како, имаме 8000 војска и се разбира дека тој систем функционира, болести имало и ќе има. Дефинитивно се работи за војник на доброволно служење на војска, којшто со соодветната здравствена состојба почнал да го служи воениот рок, меѓутоа поради одредениот период на присуство на болеста која не може да биде регистирианаод страна на здравствените органи било таму, меѓутоа апсолутно е неточно дека касарната не функционира, истакна денеска министерката Шекериснка.

Инаку заразениот војник како и сите други војници на почеток на службата бил прегледан за да се утврди неговата здравствена способност, но со оглед дека тогаш уште траела инкубацијата, заразата не била откриена. Војникот сега е испратен дома, но постојат сомнежи дека шугата се проширила кај уште двајца војници кои сега се набљудуваат.

Сите останати војници редовно ги извршуваат своите должности во посочената касарна, со исклучок на викендите кои секогаш ги поминуваат дома, велат од Министерството.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...