4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаДетектор анкета: Граѓаните му дадоа “два плус“ на здравството во Македонија

Детектор анкета: Граѓаните му дадоа “два плус“ на здравството во Македонија

spot_img

2,47 е средната оценка на скалата од 1 до 5 која граѓаните ја дадоа за квалитетот на јавното здравство, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Најголем број од анкетираните или 32,9% здравството го оцениле со „тројка“, 26,8% му дале „двојка“ а 22,2% „единица“. 11,6% дале оценка „четворка“ а 4,1% „петка“.

Гледано по региони, најслаба оценка здравството добива на југоистокот. Таму, 40,2% од граѓаните го оцениле со најниска оценка „единица“.

Најдобро, јавното здравство поминува во вардарскиот регион, каде 9% од граѓаните го оцениле со оценка „петка“.

Во споредба со истражувањето кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во јуни годинава, средната оценка за јавното здравство бележи благо зголемување. Од 2,41, колку што била во јуни, сега, средната оценка се зголемила на 2,47.

Мнозинство од граѓаните или 17,6% велат дека најголемо незадоволство во јавното здравство чувствуваат поради закажувањето и времето на чекање за преглед. 15% најнезадоволни се од лекарите, 12,6% од инфраструктурата во болниците а 9,2% од хигиената. 8,3% од граѓаните велат дека најмалку задоволни се од опремата, а 7,5% од медицинските сестри.

Сепак, најголемиот процент на граѓани или 19,5% рекле дека не се задоволни од сите елементи во јавното здравство.

И покрај тоа, 69,4% од анкетираните граѓани велат дека кога имаат потреба од здравствена услуга почесто одат во државна, односно јавна здравствена установа, додека 23,3% преферираат да се лечат приватно.

Очекувано, оние граѓани кои имаат повисоки примања, во поголем процент се определуваат за приватно здравство, но сепак, таа бројка е далеку под половина од вкупниот број на анкетирани. Дури 60,4% од граѓаните кои имаат приходи над 60.000 денари се определуваат за јавното здравство пред приватното.

71% од граѓаните со приходи до 20.000 денари на лекар најчесто одат во јавна здравствена установа. Таму се лечат и 68,8% од оние кои имаат плата меѓу 20.000 и 40.000 денари како и 62,7% кои имаат месечни примања меѓу 40.000 и 60.000 денари.

Мнозинството граѓани се против идејата за јавно приватно партнерство како реформа на Брзата помош со која приватни компании би ги обезбедувале услугите а државата потоа би ги покривала трошоците. 38,1% од граѓаните се изјасниле против, иако висок процент, односно 35,8% се подготвени да ја поддржат оваа реформа.

Најголеми противници се граѓаните од источниот и пелагонискиот регион. На истокот, 61,5% се против, додека во Пелагонија против јавно приватно партнерство во Брза Помош се изјасниле 52,3%.

Најголема поддршка овој предлог има во југозападниот дел од земјата каде јавно приватно партнерство во Брза помош поддржуваат 42,6% од анкетираните. Висока е поддршката и на југозападот каде за реформата се изјасниле 42,2% од граѓаните. Генерално, 40,4% од граѓаните даваат поддршка за идејата за јавно приватно партнерство во здравството, додека 38,3% се против.

Мнозинството граѓани, или 31,4% сметаат дека македонските аптеки се добро снабдени со лекови кои се издаваат на рецепт во текот на целиот месец, а 22,9% велат дека аптеките се донекаде добро снабдени.

17% велат донекаде не на прашањето дали сметате дека се добро снабдени аптеките со лекови на рецепт во текот на целиот месец, додека 16,9% велат дека тие воопшто не се снабдени.

Во споредба со анкетата која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во јуни годинава, значително пораснал бројот на граѓани кои велат дека аптеките се добро снабдени со лекови на рецепт во текот на целиот месец. Речиси двојно е зголемен бројот на граѓаните кои сметаат дека аптеките се добро снабдени со лекови. Од 16,7% во јуни, процентот на анкетирани кои сметаат дека аптеките се добро снабдени со лекови на рецепт скокнал на 31,4%. За сметка на тоа, значително се намалил бројот на граѓани кои велат дека аптеките воопшто не се снабдени. Од 27,3%, процентот на граѓани кои велат дека воопшто нема лекови на рецепт во аптеките за 6 месеци се намалил на 16,9%.

Високи, 64,9% од анкетираните велат дека вакцинацијата на децата треба да биде задолжителна, додека 16,6% се против.

Интересен е податокот дека во споредба со анкетата која Институтот за политички истражувања Скопје за Детектор ја изработи во јуни, паѓа поддршката на задолжителното вакцинирање.

Па така, од 73,6% во јуни, бројот на поддржувачи во ноември паднал на 64,9%. Пораснал и бројот на противници и тоа за близу 6 процентни поени за 6 месеци. Од 10,8% во јуни на 16,6% во ноември.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена телефонски во периодот од 16 до 19 ноември, врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...