24.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаСмеење во судницата: Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев.

Смеење во судницата: Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев.

<

На прашање кој ја иницирал средбата меѓу Зоран Милевски, него и Орце Камчев, сведокот одговори Милевски и Јовановски.

На следното прашање, за каква одлука на СЈО разговарале, Камчев му рече: „Ти не си адвокат за од тебе да барам совет“.

Бојан Јовановски реагираше дека Камчев не му персира кога одговара на прашањата. Судијката рече дека ова не е театар и побара да се почитува редот во судницата.

Камчев кажа дека му бил „фејк“ проектот за франшизите и дека Јовановски сакал да го рекетира.

Сведокот рече дека на средба со директорка откај него, Боки рекол дека за сума од 40, 50 илјади евра не се буди. Јовановски рече дека имал право како директор на телевизија да бара колку што смета дека е потребно.

„Не ги вршите успешно операциите“, му рече обвинетиот Јовановски на Камчев.

Обвинителката Русковска вложи приговор, а Јовановски и’ рече: „Не ми се дерете“.

На судењето Камчев рече дека се консултирал со пријатели од Бугарија кои на сличен начин биле рекетирани, а Боки 13 го праша да ги каже пријателите кои му помогнале.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...