Судот во Хаг а не Скопскиот Кривичен Суд треба да го оценуива обвинението за организаторите на упадот во Собранието на 27 април. Со вакво барање одбраната на осомничените организатори Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимиор Атанасовски настапи на денешната седница за оценка на обвинителниот акт.
Адвокатите побараа судот да ги изземе и двајцата судии кои веќе одлучувале во предмети поврзани со настаните од 27 април.
Адвокатите тврдеа дека една од судиките за коис е бара изземање дури и на фејсбук стиснала лајк на информацијата за апсењето на еден од осомничените.
Сепак судот го одби ова нивно барање и продолжи со расправа за обвинението зад затворени врати. Денеска не е постигната одлука а седницата ќе продолжи за 3 недели.
За случајот 27ми април првично беа обвинети 33 лица од кои 15 беа опфатени со Закон за амнестија. Во новиот предмет за организаторите на упадот осомничени беа и екс премиерот Никола Груевски и ртазузнавачот Никола Бошковски но се додека не му станат достапни на судот за нив нема да се води постапка.