13.3 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаЗАЕВ: Отворивме 60.000 нови работни места во Северна Македонија.

ЗАЕВ: Отворивме 60.000 нови работни места во Северна Македонија.

spot_imgspot_img

Годината ја завршуваме со отворени 60.000 нови работни места и во Владата не може, а да не бидеме задоволни од покажаниот раст на економски план во 2019 година, истакна денеска премиерот Зоран Заев по пуштањето во употреба на леарницата „Краунфилд Фаундри“ во индустриската зона Неокази во Пробиштип.

-Лани овој период во декември проектиравме 3,5 проценти раст. Првиот квартал го завршивме со 4,1 процент. Првото полугодие во просек е 3,6, повеќе од просекот. Второто полугодие е повторно3,6, не може да не бидеме задоволни. Четвртиот квартал, во февруари, март се објавува. Верувам дека исто така ќе биде успешен, за да можеме да кажеме дека 2019 година на проектирани 3,5 проценти, а почнати пред две години на минус 1,8 проценти сме ја завршиле повеќе од проектираното и не можеме, а да не бидеме задоволни, рече Заев.

Но, потенцира, на овој план треба да се работи, а на постигнатото како што рече да се радуваме и да се користи за наредната година да биде уште подобра.

-Оваа година беше економски добра, како и да е годината ја завршуваме со еден пресек за две годишен период со 60.000 нови работни места. Точно, конкретно се знае во која фабрика, во која фирма, во која област се вработени 59.600 граѓани. Тоа се нови квалитетни работни места, рече Заев.

Тој смета дека меѓу успесите во делот на економијата е и зголемувањето на просечната плата за 2.297 денари, а во споредба со претходните две до три години, растот на платите е 800 или 750 денари.

-Минималната плата сега почна од 1 јануари со 14.500 денари, дополнително огромни 40 милиони евра сме обезбиделе пари за оваа, но и за следната година , за да ги поттикнеме газдите и менаџерите да ги покачуваат платите, да растат. Инвестираме навистина во човечкиот капитал, рече Заев.

Премиерот кој наскоро ќе стане само политичар забележа дека повеќе од 14,5 проценти расте севкупната трговија, потоа 5,5 отсто е растот на индустриското производство, а како што наведе Заев, расте и извозот, но и влегуваат нови странски инвстиции. Смета дека како Влада се на вистинскиот пат и во делот на политичките чекори, со кои како што рече, дојде поканата и членството во НАТО.

– Верувам дека во догледно време Европската унија ќе си ги заврши внатрешните работи и дебати, за коишто дискутираат. Тоа е новата методологија, идните реформи. Но час поскоро треба да ја исправи историската грешка, којашто ја напрви за нашата земја, вели Заев.

Во два дена: СДСМ отвори 54.000, а Анѓушев 59.654 нови работни места

Деновиве пишувавме во врска со вработувањето и отворањето на нови работни места. Еве го текстот објавен пред 4 дена на 11 декември 2019:

Вицепремиерот Кочо Анѓушев синоќа објави дека откако се на власт имаат отворено 59.654 нови работни места, а денеска СДСМ соопшти дека имаат „само“ 54.000, па јавноста е збунета со бројките.

– Економските политики и мерки на СДСМ даваат реални и видливи резултати. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека стапката на невработеност изнесува 17,1 отсто. Тоа е историско најниско ниво на невработеност. За нешто повеќе од две години отворени се над 54.000 работни места доминантно во приватниот сектор. Со официјалното членство во НАТО но и со активните мерки за вработување на Владата предводена од СДСМ ваквиот тренд на опаѓање на невработенсота ќе продолжи да се намалува и во следната година. На прав пат сме, продолжуваме да градиме развојна и конкуретна економија и да поттикнуваме економски раст и развој и отворање на нови работни места со што придонесуваме за дополнителен пад на стапката на невработеност, соопшти денеска Центарот за комуникации на СДСМ.

Синоќа, пак, вицепремиерот Анѓушев на својот Фејсбук профил го објави „историски нискиот рекорд“ од 17,1 отсто невработеност и новоотворени 59.654 работни места.

– Во третиот квартал на 2019 година невработеноста се намали на рекордно ниски 17,1 отсто, објави Анѓушев.

И додека Анѓушев и СДСМ се договорат чии бројки на новоотворени места се точни, јавноста на социјалните мрежи бурно реагира дека најголема заслуга за „историскиот пад на невработеноста“ има масовното иселување особено на младите од Македонија.

денешен весник

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...