12.7 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаКучето Жиле беше застрелано на Попова Шапка- а сега си ужива во...

Кучето Жиле беше застрелано на Попова Шапка- а сега си ужива во Америка. (Видео)

spot_imgspot_img

Новинарката Мери Јордановска која го спаси застреланото куче на Попова Шапка, му даде име Жиле и помогна да биде посвоено од хумани луѓе во Америка, се прости од него емотивно , потсетувајќи нѐ и прераскажувајќи ни ја уште еднаш неговата неверојатна животна приказна. Едно е сигурно, дека Жиле ги направи среќни неговите посвоители, а и тој замина на оној свет како сакано и среќно куче.

,,Не сум личност која верува во бесконечна среќа. Верувам и во тага, во гнев, во среќа, лудост, депресија. Верувам во моменти. И сакам да ги живеам тие моменти во целост. Одам на сè или ништо и сметам дека секое чувство треба да си изживее докрај.

Оние кои ме сакаат и ме знаат, знаат за Жиле – момент во мојот живот кој остави голема трага. Нема да кажам дека Жиле било куче кое живеело на Попова Шапка, било застрелано од некој лудак, оставено парализирано, а потоа посвоено од прекрасно семејство во Америка… Ќе речам дека Жиле беше живо суштество кое ми предизвика бура од среќа до тага, до безнадежност, но и ми ја донесе најголемата радост на светот. Тој го промени мојот живот на подобро. А овој пост не е за мене – можеби е за мене само за оние кои веруваат дека човечкиот живот е поважен. И тоа е во ред. И тие нека продолжат да читаат.

Пред два дена јас се збогував со Жиле. Денеска тој беше успан, после ден кога му беше дозволено да јаде што сака и да се вози во џипот на задното седиште кој го носи неговото име „Големиот З“. Џон и Ким, најпрекрасните луѓе на оваа планета кои го посвоија во 2013 година, пред себе ја имаа најтешка одлука – да го остават Жиле да страда или да му ги скратат маките. Сите се согласивме дека втората одлука е најдобра. Неговите органи откажуваа, тој едвај се движеше, страдаше од болка. Никој не очекуваше дека тој ќе живее толку долго. А тоа се случи само затоа што беше неизмерно сакан и го имаше сето внимание што го заслужува. Од алфа-куче на Попова Шапка, тој стана чувар на најпрекрасното девојче Морган. Тоа го видов тоа со свои очи во 2017 година, кога ги посетив нивниот дом во Пенсилванија го нареков „Домот на љубовта“.

Чудно е како еден настан може да промени толку многу животи и да ги зближи луѓето. Претходно имав толку голем револт кон човекот што пукаше во Жиле, на почетокот од 2013 година. Шест години подоцна, знам дека Жиле му помогна на едно девојче, Жиле ме натера никогаш да не се откажувам, Жиле зближи две семејства од различни континенти, Жиле нè научи дека попреченоста кај кучињата не е причина за еутаназија, тој ја смени свеста кај толку многу луѓе, во земјава и во странство.

Ова го пишувам со многу многу солзи затоа што не бев подготвена да се збогувам. Но, длабоко внатре, знам дека неговата мисија е завршена. Тој страдаше, но никогаш не се откажа. Тој нè научи дека ништо не е невозможно ако имаш волја. Тој ја извади човечноста од многу луѓе на планетава.

Обедини луѓе од многу држави. Ни покажа дека кучињата можат да им помогнат на луѓето. Зближи две семејства кои не зборуваат ист јазик. Татко ми сè уште му пишува на Џон на српски јазик (никогаш не разбрав зошто), а тој одговора на лош преведен македонски на Google translate – во нивните разговори нема англиски збор, но тие ја делат истата енергија што ја имаа и пред шест години.

Жиле умре онака како што живееше – гордо и достоинствено. Доволно претрпе во неговиот претходен живот. Ова видео што го направив е моето збогум. Ова се три минути од најбогатиот живот што го познавам. Жиле, фала ти што постоеше и ќе продолжиш да постоиш во многумина од нас“-напиша Мери и го сподели следното видео.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...