2.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаУцената со бришење на македонскиот јазик како услов за ЕУ- Се бриши...

Уцената со бришење на македонскиот јазик како услов за ЕУ- Се бриши и последното одбележје на Македонците ?

spot_img

По скандалозната одлука на Бугарската академија на науките, дека македонскиот јазик не постои, туку е наречје на бугарскиот јазик, ракциите и осудата во јавноста и стручната фела не стивнуваат. Сепак, владата се’ уште нема испратено протесна нота до Бугарија, а премиерот Зоран Заев вели дека во јануари пријателски ќе го прашал Борисов за негирањето на македонскиот јазик.

„Ние сме пријателски земји и ваквите дисонантни тонови се недозволиви каде што во 21 век зборуваме за идентитет којшто е впишан целосно во сите анали, во сите документи и во сите меѓународни организации. Јас го добив аплаузот и од бугарските пратеници кога зборував на македонскиот јазик во Европскиот парламент“, истакна Заев.

Бугарската ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов со огласи со соопштение откако македонскиот премиер Зоран Ззаев изрази очекување дека Бугарија ќе треба да го„надмине прашањето со македонскиот јазик“. Каракачанов му порача да не претерува…

Красимир Каракачанов

„Ние одамна ја применуваме формулацијата „согласно Уставот на Република Северна Македонија“. Таа формулација го покажува нашето почитување на уставното право на Македонија да користи своја „етикета“. Јазиците се одамна политички „етикети“. Денес во бивша Југославија се создаваат секакви „етикети“ за јазици, кои се во суштина исти. Во цела Европа е така…За никого нема сомнение дека различните македонски наречја врз кои во 40-тите години административно е кодиран „јазик“ ист со бугарските говори“, стои во соопштението.

Според оваа партија Заев би требало најдобро да знае дека македоснкиот јазик е всушност бугарски.

„Тој е од струмичкиот крај кој буквално последен беше одземен од Бугарија, според одредбите од Нјескиот договор. До ден денес, кога роднините и сограѓаните на Заев ќе отидат во други делови на Македонија сигурно уште ги прашуваат дали се „Бугари“- велат од партијата на Каракачанов.

Ваквиот апсурден и вазалски однос кон јазикот како суштинско идентитетско обележје, речиси и единственото коешто им преостана на Македонците, ја пресликува неспособноста на власта да застане во одбрана на националните инресери.

Одлуката на Бугарската академија всушност е само потврда на т.н. декларација на Бугарскиот врв која беше претставена на почетокот на октомври годинава, во кој Бугарската Влада директно го негираше постоењето на македонскиот јазик и инсистираше на историска амнезија на нашите граѓани, тврдејќи дека тие никогаш не биле фашистички окупатори во Македонија.

Уцената со бришење на македонскиот јазик како услов за ЕУ е веројатно врвот на т.н. „добрососедска политика“ на Бугарија кон Македонија.

Власта молчи за резолуција за заштита на македонскиот јазик

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го обвини Заев дека Владата води пластелин политика при што основата на се’ е виткањето на кичмата. Тој понуди да се донесе резолуција за заштита на македонскиот јазик.

Одговор за ова од Заев, се’ уште нема.

„Не е до соседите, до Заев е. Јас пред два месеци дадов иницијатива, и сега ќе ја реактуелизирам во македонското Собрание да донесеме заедничка Резолуција по пат на консензус за заштита и потврдување на посебноста и автенткчноста на македонскиот јазик. Впрочем, таквата Резолуција нема да значи никаква претензија, туку потврда за нашето и испраќање на политичка порака дека како држава сепак имаме кичма и свој јазик различен од сите други, по кои се препознаваме и разликуваме од останатите. За ваквата Резолуција е добро да се изјасни и Зоран Заев“, посочи Мицкоски.

За претседателот Стево Пендаровски, дискусијата за негирањето на македонскиот јазик  е беспредметна и пред се’ застарена.

„Немаме намера да разговараме за македонската нација и јазик бидејќи тоа се факти кои ги знае целиот свет“, рече Пендаровски, кој на почетокот на месецов, во интервју за бугарската агенција БГНЕС, изрази загриженост дека нашите млади не знаеле ниту еден бугарски актер, и дека во Македонија немало ниту еден бугарски медиум, за разлика од десетици српски медиуми.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...