12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаФридман: Бугарите никогаш не го признале македонскиот јазик, а ставот на БАН...

Фридман: Бугарите никогаш не го признале македонскиот јазик, а ставот на БАН е враќање во времето на фашизмот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

 

<

Заклучокот на Бугарската академија на науките (БАН) дека македонскиот јазик не постои, односно е дијалект на бугарскиот јазик е враќање во времето на фашизмот, смета професорот Фридман, долгогодишен шеф на Катедрата за јужнословенски јазици на Универзитетот во Чикаго кој повеќе од 30 години се заминава со лингивистиката на Балканот.

Според американскиот лингвист Фридман, негирањето на македонскиот јазик и македонските дијалекти од страна на БАН е дел од политиката на негирањето на македонското малцинство во Бугарија.

„Бугарите, освен крактрајното признавање од 1946 до 1948 година, никогаш навистина не го признале македонскиот јазик и сметам дека сегашниот однос на нивната академија по ова прашање е враќање во 30-те и раните 40-ти години на минатиот век, значи времето на фашизмот, кога велеа дека нема македонски јазик, однос тој бил бугарски”, изјавил Фридман за Гласот на Америка.

Тој објаснува дека, иако на почетокот на 90-те години со признавањето на независноста на Република Македонија, Бугарија го признала официјалниот јазик на Република Македонја (а не македонскиот јазик) , политиката на некои научни и политички кругови во земјата сѐ уште е поврзана со фашистичкиот период. Сега, како што вели, ова е многу тешко да се промени, бидејќи Бугарија веќе е влезена во ЕУ.

Според Фридман, Преспанскиот договор ги засили апетитите на Бугарија и да немаше Преспански договор, Бугарите ќе седеа малку потивко, затоа што Македонија ќе немаше шанси да стане дел од Европа заради Грција.

Фридман вели дека Македонија е самостојна земја со самостоен јазик уште од 19 век, кога основоположникот Ѓорѓи Пулевски ги издвои македонските дијалекти од основната јазична база како поразлични од бугарските дијалектите од тој регион.

„Значи иако тие јазици се многу блиски, сепак, се различни. Негирањето на македонскиот јазик и на македонските дијалкти е дел од политиката на негирањето на македонскиото малцинство во Бугарија”, изјави Фридман.

Професорот Фридман е член на неколку неколку академии на Балканот, а Бугарија ја признала неговата експертиза наградувајќи го со јубилејниот медал „1300 години Бугарија”.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...