28.9 C
Ohrid
среда, јули 16, 2025
ПочетнаСветРусија испишува историја: Пуштена во работа првата пловечка нуклеарна електрана на светот

Русија испишува историја: Пуштена во работа првата пловечка нуклеарна електрана на светот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пловечкиот блок на нуклеарната станица “Akademik Lomonosov” пуштен е во работа, што претставува иториски настан, не само за руската туку и за светската нуклеарна енергија.

<

„Пловечката нуклеарна термо-електрана во градот Певек првпат испорача електрична енергија во изолираната мрежа Чаун-Билибински во Чукотскиот автономен округ“ – се наведува во соопштението на “Rosenergoatom”.

Компанијата нагласила дека станува збор за историски настан, не само за руската туку и за светската нуклеарна индустрија.

Планирано е дека на PATES во 2020-та година ќе му се приклучи и топлотната мрежа Pevek.

Енергетскиот блок “Akademik Lomonosov” предвиден е за работа во составот на пловечката нуклеарна термо-електростаница која поседува два реактори, а која може да обезбеди струја за град од околу 100.000 жители.

Блокот може да се користи и во подрачјата на крајниот север и Далечниот исток.

Главната цел е да се обезбеди енергија за оддалечените индустриски зони како што се пристаништата и платформите за нафта и гас кои се наоѓаат на море.

Комплексните тестирања на “Akademika Lomonosova” почнале кон крајот на месец ноември во 2018-та година.

точка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сообраќајка кај Битола: Автомобил удри во комбајн

Попладнево се случила сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп кај клучката с. Тополчани. Според информациите, се судриле автомобил и комбајн. Засега нема информации за повредени.

Полицаец им продавал дрога на затворениците во Идризово.

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Биди и ти полицаец: Оглас за нови 150 полицајци.

Јавен оглас за прием на 150 нови полициски службеници БИДИ ПОЛИЦАЕЦ - Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек, биди и...

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...