23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаТаеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ 2019-та година ќе ја памети како една...

Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ 2019-та година ќе ја памети како една од најуспешните.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Неодамна во Перник соседна Бугарија се одржа Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар – дисциплина спаринг до 18 години, на кој учество зеде и нашиот најдобар клуб, Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид. Тие на овој натпревар настапија со 10 натпреварувачи од кои 8 се закитија со медали, и тоа златен,сребрени и 5 бронзени медали.

<

 


Tренерот и претседателот на клубот Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, вчера вечер во ресторан Валентино ги покани сите новинари, а исто така присутни беа и членовите на клубот ХВА РАНГ ИТФ“. Таа прилика ја искористи да им се заблагодари на веб порталите и тв медиумите за секој нивен удел, објавувајќи и следејќи го секој нивен успех, како и доделување на благодарници за најуспешните натпреварувачи.  Исто така искористи прилика да се заблагодари на нивниот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ“, кој е најзаслужен за нивното учество и за нивните медали. Лазаревски вели дека неговите натпреварувачи повторно направиле да се гордееме со нив, тие се толку малечки а всушност се вистински херои-јунаци.


– Годинава имаме 127 освоени медали со што ги срушивме рекордите од минатите години. Бројката на освоени медали е релативна, најголемиот успех е што на европското првенство на 11 годишна возраст нашиот Давид Крстески е прв во Македонија што има освоено медал од европско во конкуренција од 30-на натпреварувачи, што е историски успех за Македонија и многу ми е драго што е од нашиот клуб. Оваа година беше перфектна, организиравме Меѓународен отворен турнир „Ohrid OPEN 2019“. Имаме квалитет со кој може да се гордеееме. Имаме еден наш ученик, Климент Грозданоски кој живее и работи во Скопје секој викенд го користи кога ќе дојде во Охрид да тренира во нашиот клуб. Учествуваше во склоп на кик бокс федерацијата на Светското првенство WAKО во Анталија и освои бронзен медал, со што се гордееме, потенцира Лазаревски.

На синоќешната коктел средба беа прогласени твојцата најдобри Таеквондисти. И годинава на врвот беше Давид Крстески.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...